По бараж-натпреварите, од денеска стартуваат и плеј-оф возбудувањата во Првата лига-жени.
На ред се четирите четвртфинални серии кои треба да ги дадат и четирите полуфиналисти.
Согласно со системот за натпреварување, во четвртфиналето пласман обезбедија шесте најдобро плaсирани екипи во регуларниот дел од групата „А“ (Баскет Кам 2011, Бадел 1862, Крива Паланка, Вардар, МЗТ Скопје Аеродром, Струга 2009), како и двете екипи кои го поминаа баражот (Гризли и Пробаскет).
Предност на домашен терен во серијата „подобар во три натпревари“, имаат четирите првопласирани екипи (Баскет Кам 2011, Бадел 1862, Крива Паланка и Вардар).
Четвртфиналето ќе биде отворено вечерва, с,о дуелот во салата „Бранители 2001“ во кој екипата на Крива Паланка го дочекува составот на Струга 2009. Многу извесно серија во која ќе се сретнат две според квалитетот, изедначени екипи, во која ќе одлучуваат нијанси.
Макар што во регуларниот дел од сезоната, девојките од Крива Паланка ги добија двете средби. Интересно, со скоро идентичен резултат. На домашен терен, победија со резултат (70:63), додека пак на средбата одиграна во салата „Нико Нестор“ во Струга, гостинките победија со (71:64).
Ако се суди според тоа, извесно е дека сепaк, Крива Паланка е поблиску до пласмaн во полуфиналетo, но тоа треба да биде потврдени и низ овие, најмалку два натпревари во серијата.
Останатите три натпревари се играат на 5 април (среда)...
Актуелниот бранител на титулата, Бадел 1862 ја пречекува екипата на Гризли, (од 20. часот), Баскет Кам 2011 е фаворит во дуелите со кавадаречки Пробаскет, додека пак се чини дека големи возбудувања ќе донесе серијата во која новиот освојувач на Купот на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром ќе се сретне со Вардар.
ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛE-ПРВ НАТПРЕВАР
4.АПРИЛ (ВТОРНИК):
19.00: Крива Паланка – Струга 2009
Спортска сала „Бранители 2011“ – Крива Паланка
5.АПРИЛ (СРЕДА):
18.30: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром
Спортска сала на КК „Вардар“ - Скопје
19.00: Баскет Кам 2011 – Пробаскет
Спортска сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица
20.00: Бадел 1862 – Гризли
Спортска сала „Независна Македонија“ - Скопје