02.11.2023

Во петок навечер (18.часот), на мегдан двете екипи со максимален ефект, Вардар го предизвикува шампионот Баскет Кам

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: „Под Кале“ се води битката за првото место

Дојде ред и за дерби-натпреварот на првиот дел од сезоната во Првата лига-жени.

Некој ден порано, поради обврските кои со себе ги носи играњето во репрезентацијата на Македонија, двете водечки екипи ќе го одиграат својот натпревар од 5. коло.

„Под Кале“ екипата на Вардар ќе го предизвика актуелниот освојувач на шампионската титула – Баскет Кам 2011.

Тоа ќе биде и дуел на две екипи кои имаат максимален скор од четири победи во исто толку натпревари. Но и меч во кој на теренот ќе се појават дури седум кошаркарки со репрезентативно педигре.

Три на домашната страна, Марија Димитријевиќ, Ања Начевска и новакот во ова друштво, Ирина Селцова.

Една повеќе пак ќе игра на страна на гостите – Ивана Кметовска, Сања Адамовска, Елена Тасевска, и Катерина Поп Димитровска, што е добра најава за еден меч во кој ќе ужива и публиката во салата на КК „Вардар“, но и онаа која ја следи програмата на МРТ 3, која се погрижи да емитува директен пренос од дербито во женскиот сениорски сегмент.  

Во сабота, од 18.часот, МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на кавадаречки Пробаскет, додека нешто подоцна, на 9. ноември, поради гостувањето во Германија, екипата на Бадел 1862 ќе го пречека Куманово-Гризли.

Поради зафатеност на салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка, натпреварот Крива Паланка-Струга 2009 е презакажан за 14. ноември. 

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ГРУПА „А“

ДВОЈКИ 5.КОЛО

3.НОЕМВРИ (ПЕТОК)

18.00: Вардар - Баскет Кам 2011 (МРТ3)

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Efy8fMkp_dM?si=ET5s8HUQNrrigxKh

4.НОЕМВРИ (САБОТА)

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет

Сала „Независна Македонија “- Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/pVPbf52qEGA?si=oscEBOqmUB_ni2Oz

9.НОЕМВРИ

20.00: Бадел 1862 - Куманово-Гризли

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Nk2gMzL7kLM?si=9ft5wCpJXnO0tI2z

14.НОЕМВРИ

18.30: Крива Паланка - Струга 2009

Сала „Бранители 2001“- Крива Паланка

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 8, Вардар 8, МЗТ Скопје Аеродром 7, Куманово-Гризли 7, Крива Паланка 5, Пробаскет 5, Бадел 1862 4, Струга 2009 4;