15.12.2023

Кавадарчанки ќе се обидат да го изненадат ко-лидерот на табелата на саботниот дуел во Македонска Каменица

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Пробаскет го предизвикува првакот

Викендов ќе се одиграат натпреварите од 10. коло, последното во оваа календарска година за екипите од Првата женска лига.

Носи четири натпревари, од кои, се чини дека највозбудливо може да биде на оној кој ќе се игра во Македонска Каменица. Закажан е од 14.30 часот, во салата „Кирил и Методиј“, каде актуелниот првак, Баскет кам 2011 за противник го има се подобриот состав на Пробаскет од Кавадарци.

Вп саботните термини, од 13.часот, во салата „Независна Македонија“ во Скопје, Бадел 1862 ќе го пречека тимот на Крива Паланка, додека пак од 15.30 часот е уште еден натпревар во кој би требало да има доста неизвесност. На едната страна од теренот ќе бидат кошаркарките на Куманово-Гризли, на другата пак е МЗТ Скопје Аеродром.

Еден натпревар ќе се игра во недела, стартува од 16.30 часот, ќе се игра во салата „Нико Нестор“, на теренот ќе истрчаат екипите на Струга 2009 и на Вардар.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 10.КОЛО

16.ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

13.00: Бадел 1862 – Крива Паланка

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/dcDSVQbar0Y?si=3mH5SmbgKJ9rJAF8

14.30: Баскет Кам 2011 – Пробаскет

Сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

15.30: Куманово-Гризли – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/pxuKPgIO0sY?si=YzRCQegP27E8gVxw

17.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

16.30: Струга 2009 – Вардар

Сала „Нико Нестор“ – Струга

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/q1eM9qwbEiE?si=qdn3BV5UT9zWiGRn

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 17, Вардар 17, МЗТ Скопје Аеродром 15, Куманово-Гризли 14, Пробаскет 13, Крива Паланка 12, Бадел 1862 11, Струга 2009 9;

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 7.КОЛО

16.ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

13.00: Тим Арена – Гостивар

Сала „Јордан Мијалков“ – Штип

13.00: Патриот 2016 – Риниа

Сала „Методија Митевски-Брицо“ - Делчево

14.00: Охрид – Јан Бор

Сала „Глигор Прличев“ - Охрид

16.00: Пониква 2022 – Шкупи

Сала „Зеф Љуш Марку “ - Скопје

Спорт тим - слободен

ТАБЕЛА: Шкупи 10, Патриот 2016 10, Тим Арена 10, Гостивар 2009 8, Охрид 8, Јан Бор 7, Спорт тим 6, Риниа 6, Пониква 2022 5 (-1);