15.04.2024

Екипата од Делчево ќе биде и нов член на Првата „А“ лига откако во двата бараж-натпревари беше подобра од Струга 2009

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Пробаскет и Патриот 2016 ќе играат во плеј-офот

Екипите на Пробаскет и на Патриот 2016 ќе бидат дел од плеј-офот за шампионсита титула. Ова откако двете екипи излегоа како победници во бараж-дуелите со своите ривали, екипите на Тим Арена и Струга 2009.

Односно го добија и двата натпревари...

Во реванш средбите кавадарчанки без проблеми славеа на гостински терен во Штип, по втор пат ја совладаа екипата на Тим Арена, со убедливи (87:65), а во исто време тоа означи и опстанок за нив во Првата „А“ лига.

А таму, во наредната натпреварувачка сезона ќе играат кошаркарките на Патриот 2016 кои и по втор пат беа подобри од Струга 2009, сега и на домашен терен, во Делчево, со високи (76:56), за (2-0) во серијата, по која се формирани и четвртфиналните двојки за плеј-офот кој стартува на 20.април.

Како носител на натпреварувачкиот број 8, Патриот 2016 за противник ќе ја има првопласираната екипа во регуларниот дел од сезоната во Првата „А“ лига, Баскет кам 2011, додека пак Пробаскет, кој ја задржа седмата позиција, ќе ја „продолжи“ сезоната со четвртфиналната серија против скопски Вардар.

Од претходно беше познато дека во другите две четвртфинални двојки ќе разигруваат екипите на Куманово-Гризли и Бадел 1862, односно МЗТ Скопје Аеродром и Крива Паланка.  

РАЗИГРУВАЊЕ ЗА ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТАТИ

ПРВ НАТПРЕВАР

Пробаскет - Тим Арена   76:42 (1-0)

Струга 2009 - Патриот 2016      56:58 (0-1)

ВТОР НАТПРЕВАР

Патриот 2016 - Струга 2009      76:56 (2-0)

Тим Арена – Пробаскет 65:87 (0-2)

 

ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

(20.АПРИЛ–24.АПРИЛ-27.АПРИЛ*)

Баскет кам 2011 – Патриот 2016

Вардар – Пробаскет

Куманово-Гризли – Бадел 1862

МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка

*Ако биде потребно