Екипата на Пробаскет и наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од првата „А“ лига во женска конкуренција.
Тимот од Кавадарци во драматичен меч во Делчево, стигна до минимална победа (68:67), втора за нив во серијата од разигрување за пополнување на две места во елитната конкуренција.
Која ќе биде втората, ќе биде познато по одигрувањето на трет натпревар во серијата во која се среќаваат екипите на Гризли и Шкупи. На вториот меч од оваа серија, кошаркарките на Шкупи славеа со минимални (61:60) и се изборија за т.н. „мајсторка“.
Ќе се одигра на 2.април (недела), од 16 часот во салата на КК „Вардар“ во Скопје, домаќин е екипата на Гризли.
Победникот од овој натпревар е биде последниот, осми учесник во плеј-офот.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-РАЗИГРУВАЊЕ ЗА ПЛЕЈ-ОФ
РЕЗУЛТАТИ – ВТОР НАТПРЕВАР
Патриот 2016 – Пробаскет 67:68 (0-2)
Шкупи – Гризли 61:60 (1-1)
НАРЕДЕН НАТПРЕВАР - МАЈСТОРКА
02.04: Гризли – Шкупи