29.01.2024

Во очекување на големото дерби во „Кале“ се одиграа два натпревари во групата „А“, комплетирано е 9.коло во групата „Б“...

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Пробаскет подобар од МЗТ Скопје, Крива Паланка лесно низ Струга

 

Распоредот на натпреварите во 12. коло, овој викенд донесе само два прволигашки натпревари во женската конкуренција, секако оние од поквалитетната, групата „А“.

Во пресрет на дерби дуелот во СРЦ „Кале“ во кој ќе играат двете првопласирани екипи, Баскет кам 2011 и Вардар, се одиграа два натпревари.

Мало изненадување, дефинитивно, е победата на Пробаскет, која пред своите навивачи излезе како победник против екипата на МЗТ Скопје Аеродром (77:73).  

Извесно, тоа не е случај на мешот одигран во салата „Нико Нестор“ во Струга, каде екипата на Крива Паланка ја оправда улогата на фаворит, и победи со убедливи (71:38). Два бода со кои најавија пробив во горниот дел од табелата.

Утре вечер, од 20. Часот, во салата „Перо Наков“, екипата на Куманово-Гризли е домаќин на Бадел 1862. Ден подоцна во истиот термин во СРЦ „Кале“ играат двете најдобри екипи во лигата, Баскет Кам 2011 и Вардар.

Од друга страна, комплетирано е деветтото коло во групата „Б“.

Донесе уште една победа на лидерската екипа, Патриот 2016 која на свој терен, во Делчево, беше многу подобра од Јан Бор (82:36).

ФОТО: Момент од натпреварот Патриот 2016 - Јан Бор

Првиот пратител на делчевки, екипата на Шкупи, стигна до победа на гостински терен против Риниа (65:48), а победа како „гостин“, во салата „Младост“, реализира и екипата на Гостивар против екипата на Пониква 2022 со сигурни (65:35).

До домашен триумф дојдоа кошаркарките на Тим Арена кои пред својата публика во Штип го совладаа Спорт тим со (76:19).  

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12.КОЛО

Пробаскет – МЗТ Скопје Аеродром  77:73

Струга 2009 – Крива Паланка  38:71

30.ЈАНУАРИ (ВТОРНИК)

20.00: Куманово–Гризли - Бадел 1862

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hI4GTkmCuZs?si=KCQr0PQji_t9HCu5

31.ЈАНУАРИ (СРЕДА)

20.00: Баскет Кам 2011 – Вардар

Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/PDIlXyxedew?si=AawkKb0PWvLW0qOY

ТАБЕЛА: Вардар 21 (-1), Баскет кам 2011 20 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 20, Крива Паланка 18, Пробаскет 17, Куманово-Гризли 16 (-1), Бадел 1862 14 (-1), Струга 2009 12;

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 9.КОЛО

Тим Арена – Спорт тим  76:19

Пониква 2022 – Гостивар          35:65

Патриот 2016 – Јан Бор  82:36

Риниа-Шкупи         48:65

Охрид - слободен

ТАБЕЛА: Патриот 2016 16, Шкупи 15, Тим Арена 14, Охрид 13, Гостивар 2009 12, Јан Бор 11, Риниа 9, Спорт тим 9, Пониква 2022 8;

ИДНО КОЛО (03.02)

Спорт тим – Шкупи

Риниа – Јан Бор

Патриот 2016 – Гостивар

Охрид – Тим Арена

Пониква 2022 - слободен