Кошаркарките на Пробаскет ќе играат во четвртфиналето од плеј-офот во Првата лига-жени. За тоа се изборија со две победи против второпласираната екипа од Првата „Б“ лига – Трокал.
Откако на првиот меч славеа со (94:55), нешто слично беше и во реваншот. Го совладаа локалниот ривал од Кавадарци со слични (83:48) и обезбедија место во доигрувањето за титулата.
Согласно со распоредот, во четвртфиналната серија ќе играат против актуелниот бранител на титулата, екипата на Баскет Кам 2011, која ја има и предноста која со себе ја носи играњето на домашен терен.
Водечката екипа во првенството, екипата на Бадел 1862 ќе игра против новиот „прволигаш“, Гризли Баскет. А во другите две серии кои се играат според принципот „подобар во три натпревари“, од 16.април, ќе разигруваат уште и Вардар против МЗТ Скопје Аеродром, односно Крива Паланка и Струга 2009.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ - ПЛЕЈ-ОФ
ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Бадел 1862 – Гризли Баскет
Баскет Кам 2011 – Пробаскет
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром
Крива Паланка – Струга 2009