11.03.2024

Новиот Куп-освојувач и бранител на титулата имаше силна последна четвртина, за убедливи (86:64) на гостувањето во Скопје

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: „Репризата“ со ист епилог, Баскет кам повторно убедлив против МЗТ Скопје

Кошаркарките на Баскет кам направија уште еден чекор понапред кон „потврдата“ на првата позиција на табелата во Првата „А“ лига, откако во дерби-натпреварот против екипата на МЗТ Скопје Аеродром славеа со убедливи (88:64).

Во „репризата“ на финалниот натпрвар од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“, избраничките на тренерот Жаклина Стојановска, го сменија само „сценариото“. Иако водеа во текот на целиот натпревар, последните десет минути ги одиграа на највисоко ниво. Го добија тој период со (27:14), за потврда на новиот триумф (ефект 15-2) кој ги остава три чекори пред конкуренцијата.

Уште еднаш, цела една петорка на Баскет кам заврши со двоцифрен број на поени. Ја предводеа Кметовска со 21 и Димова со 20.поени. Поп Димитровска имаше 13. реализации, Николов 12, а Адамоска уште 11.поени. На другата страна, незапирлива беше Томас – стрелец на 32. поени, скоро половина од вкупниот број на домашната екипа, која го загуби второто место на кое сега останува екипата на Вардар (скор 12-5).

„Вардарки“ без проблеми стигнаа до победата над Струга 2009, на крајот убедливи беа оние (73:50). Тренерот Александар Ашаданов ја искористи оваа прилика да им даде поголем простор на помладите кошаркарки. Ги поштеди стартерите како Наков, Зафировска, Димитријевиќ, Тасевска и Деловска. А тоа сосема добро го искористија Пислевска, која забележа 20.поени (имаше и осум скока) и Начевска која постигна 16.поени, на кои со уште десет се надоврза Матие.

На другата страна од теренот, одлична беше Модева, која освен тоа што даде 28.поени, имаше и 14. скока.

До многу важен триумф во трката за позицијата број 4 стигнаа кошаркарките на Крива Паланка. Излегоа како победници во дуелот со Бадел 1862 (72:68), дојдоа до два бода кои ги оставаат во трката со екипата на Куманово-Гризли која во ова коло без проблеми го победи Пробаскет (79:61), во натпревар во која искусната Снежана Алексиќ дојде до 31.поен за домашниот тим.

На натпреварот во Крива Паланка, уште еден блесок на одличната МекКала, која реализираше 29.поени, но и на Алексовска која ја испрати со 18. Реализации, додека Хоукинс дојде до 13.

Во гостинската екипа, Томпсон постигна 25.поени, Тахеда имаше 18, Баркли девет, а Марковска уште осум поени.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ – „ОРОЛОЏО“

РЕЗУЛТАТИ 3.КОЛО

Вардар - Струга 2009      73:50

Крива Паланка - Бадел 1862    72:68

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет кам  64:86

Куманово-Гризли – Пробаскет            79:61

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 32, Вардар 29, МЗТ Скопје Аеродром 28, Куманово-Гризли 27, Крива Паланка 26, Бадел 1862 23, Пробаскет 22, Струга 2009 17;

ИДНО КОЛО (16.МАРТ)

МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009

Крива паланка – Вардар

Куманово-Гризли – Баскет Кам

Пробаскет - Бадел 1862

 

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 14.КОЛО

Шкупи – Тим Арена         40:61

Спорт тим - Гостивар 2009        43:64

Риниа – Охрид       51:55

Пониква 2022 – Спорт тим        54:87

Јан Бор - слободен

ТАБЕЛА: Тим Арена 24, Патриот 2016 23, Шкупи 22, Охрид 21, Гостивар 2009 20, Јан Бор 16, Риниа 14, Спорт тим 14, Пониква 2022 13;

ИДНО КОЛО (16.МАРТ)

Патриот 2016 – Спорт тим

Пониква 2022 – Риниа

Охрид – Шкупи

Тим Арена – Јан Бор

Гостивар - слободен