05.04.2024

Двете екипи во меѓусебниот дуел во Куманово ќе одлучат кој ќе има подобра стартна позиција во плеј-офот

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Решение за последната непозната, кој ќе биде третопласиран, Куманово-Гризли или МЗТ Скопје?

Последното, седмо коло од „Оролоџото“ и воопшто во оној регуларен дел од сезоната, треба да ја тргне и последната дилема, која екипа од која позиција ќе го почне последниот дел, плеј-офот кој го дава новиот шампион, најдобрата во сезоната 2023/2024.

Пред се, за позицијата број 3, на која во овој момент, пред последниот круг од натпреварувањето, за која конкурираат екипите на Куманово-Гризли и МЗТ Скопје Аеродром.

Во досегашниот дел од сезоната имаат идентичен ефект, односно по 12. победи и 8.порази. Па дуелот кој е закажан на 7.април (недела) од 18.часот, а ќе се игра во салата „Перо Наков“ во Куманово, ќе одлучи кој ќе заврши на третото место, и за противник во првиот круг од натпреварите во Плеј-офот, ќе ја има шестопласираната екипа – Бадел 1862.

Поразената екипа во овој меч пак ќе заврши на четврттата позиција. И за ривал во четвртфиналето од доигрувањето за титулата ќе ја има екипата на Крива Паланка, која е петтопласирана, и не може да напредува на табелата. Без оглед на исходот од последниот меч, против Струга 2009 кој ќе се игра на 6.април (сабота) од 16.часот, во салата „Бранител 2001“.

Два часа порано, во салата „Независна Маакедонија“ во Скопје ќе се сретнат Бадел 1862 и Баскет Кам 2011. Извесно е дека „баделки“ се шести, додека екипата од Македонска Каменица е „бројот 1“, и ќе го чека победникот на баражот во кој ќе играат осмопласираниот во регуларниот дел, Струга 2009, и најдобрата екипа во Првата „Б“ лига по 18. одиграни кола (Патриот 2016 или Тим Арена).

Второпласираниот Вардар оди на гостување во Кавадарци, ќе игра против екипата на Пробаскет, со која е можно да ги одмери силите и во четвртфиналето од плеј-офот. Секако под услов кавадарчани да ги поминат бараж-средбите со екипата која ќе заврши како второпласирана во групата „Б“.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ – „ОРОЛОЏО“

ДВОЈКИ 7.КОЛО

6.АПРИЛ (САБОТА)

14.00. Бадел 1862 – Баскет Кам 2011

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/CmNdVe40QO8?si=2YaDDjHp43nFdQcf

16.00: Крива Паланка – Струга 2009

Сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка

7.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

18.00. Куманово-Гризли – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/fLWDAjRJjvc?si=h8n5ilS3hDOSRqjq

8.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: Пробаскет – Вардар

Сала на КК „Вардар“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/f_4oG0I8y2A?si=_3S7hd0u4lMpHiB2

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 37, Вардар 35, Куманово-Гризли 32, МЗТ Скопје Аеродром 32, Крива Паланка 30, Бадел 1862 28, Пробаскет 26, Струга 2009 19;

ПРВА „Б“ ЛИГА - ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 18. КОЛО

Спорт тим – Тим Арена  42:76

6.АПРИЛ (САБОТА)

12.00: Јан Бор – Патриот 2016

Сала на ДТВ „Партизан“ - Кавадарци

13.00: Шкупи – Риниа

Сала „Зеф Љуш Марку“ - Скопје

7.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

12.00: Гостивар - Пониква 2022

Сала „Младост“ – Гостивар

Охрид – СЛОБОДЕН

ТАБЕЛА: Тим Арена 30, Патриот 2016 29 (-1), Шкупи 27 (-1), Охрид 24 (-1), Гостивар 2009 21 (-1), Јан Бор 20 (-1), Риниа 19 (-1), Спорт тим 17, Пониква 2022 16 (-1);