31.03.2024

Баскет кам без проблеми против Пробаскет (84:44), а во неизвесен натпревар, Вардар го совлада Куманово-Гризли со (63:61)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Шампионот е „број 1“, „вардарки“ веднаш до нив

ФОТО: Кошаркарките на Вардар стигнаа до уште еден триумф во неизвесна завршница 

Екипата на Баскет кам 2011 ќе тргне од првата стартна позиција во плеј-офот во кој ќе ја брани титулата освоена минатата година. Екипата од Македонска Каменица на свој терен беше повеќе од убедива во дуелот со кавадаречки пробаскет. Славеше со плус од 40 поени, (84:44), и на коло пред крајот на втората фаза, го осигура првото место на табелата.

А кошаркарките на Вардар продолжија со добрите игри и резултати во овој втор дел од сезоната наречен „Оролоџо“.

Славеа уште еден триумф, повторно во неизвесна завршница. Овојпат против екипата на Куманово-Гризли, со минимални (63:61), со кои го потврдија второто место на табелата, и му се приближија на бранителот на титулата, екипата на Баскет Кам 2011.

До новиот триумф ги предводеше Матие, која постигна 20.поени, која доби поентерска поддршка од бековскиот двоец Тасевска (15) и Наков (14.поени).

Во гостинската екипа, 20 поени постигна Алексиќ, 16 имаше Американката Камп, 13 дојдоа од Муса, додека со 12. поени оваа дерби средба на 6.коло ја заврши Џонсон.

Поразот на кумановки не го искористија кошаркарките на МЗТ Скопје кои на домашен терен беа совладани од Крива Паланка со резултат (68:60).

А до десеттиот триумф во сезоната екипата од Крива Паланка ја предводеше Алексовска, која постигна 21.поен, следена од американскиот двоец Хоукинс (18.поени) и Мазик, која заврши со 16.реализации на ова гостување.

Очекувано, победа на гостински терен запишаа и кошаркарките на Бадел 1862, и тоа на гостувањето во Струга, каде делуваа убедливо против младиот домашен состав, и победија со (94:37).

Томпсон со 22, и Техеда со 21.поен ги предводеа „баделки“ кон триумфот во кој Чолакоска додаде 14, а Малиновска допиша уште 13.поени. На другата страна, Модева запиша уште еден дабл-дабл скор, изразен со реализација на 21.поен и 16.скока, а 11. поени во струшкиот тим додаде Хиса.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ – „ОРОЛОЏО“

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка      60:68

Струга 2009 – Бадел 1862         37:94

Вардар – Куманово-Гризли      63:61

Баскет кам 2011 – Пробаскет    84:44

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 37, Вардар 35, Куманово-Гризли 32, МЗТ Скопје Аеродром 32, Крива Паланка 30, Бадел 1862 28, Пробаскет 26, Струга 2009 19;

ИДНО КОЛО (06.04)

Крива Паланка – Струга 2009

Куманово-Гризли – МЗТ Скопје Аеродром

Пробаскет – Вардар

Бадел 1862 – Баскет Кам 2011