02.02.2024

Во 13. коло следуваат два дуели од кои зависи изгледот на табелата...

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Шампионот на испит во Куманово, МЗТ Скопје и Вардар за што подобра позиција

По победата против Вардар, овој викенд кошаркарките на Баскет Кам 2011 ќе имаат уште еден сериозен испит, гостувањето во Куманово.

Оваа година, екипата на Куманово-Гризли знае да изненади, и да биде подобра од екипи кои „на хартија“ имаа поквалитетен ростер. Потврда за тоа беше и победата во изминатото коло, против екипата на МЗТ Скопје Аеродром, што од друга страна треба да биде знак за „внимание“ за актуелниот првак и бранител на шампионскиот трофеј.

Оттука дуелот закажан во сабота, од 16.часот, ќе даде и подобар одговор за моменталните квалитети на двете екипи.

Два часа подоцна, во Крива Паланка, домашната екипа ќе се обиде да ја продолжи серијата на победи во дуелот против кавадаречки Пробаскет.  

Поради обврските на екипите на Вардар и на Бадел 1862, овие две екипи своите натпревари ќе ги одиграат во текот на наредната недела.

Средбата Бадел 1862-Струга 2009 ќе се игра на 7. Февруари (среда), додека еден ден подоцна, од 19.часот, во салата на КК „Вардар“ ќе се сретнат МЗТ Скопје Аеродром и Вардар. Натпревар кој исто така ќе има „влијание“ на изгледот на табелата по 13 одиграни кола.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 13. КОЛО

3. ФЕВРУАРИ (САБОТА)

16.00: Куманово-Гризли – Баскет кам 2011

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/drMfpSaq_Bs?si=XWSe0aZkciyDetpE

18.00: Крива Паланка – Пробаскет

Сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка

7. ФЕВРУАРИ (СРЕДА)

16.00: Бадел 1862 – Струга 2009

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/k0LWcj_ANeY?si=6SFciueJaUQAAB_w

8. ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК)

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Вардар

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Qfm9kVtHYK4?si=zw11SKRQwcRezfzI

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 22, Вардар 22, МЗТ Скопје Аеродром 20, Крива Паланка 18, Куманово-Гризли 18, Пробаскет 17, Бадел 1862 15, Струга 2009 12;

 

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ КОЛО

3.ФЕВРУАРИ (САБОТА)

13.00: Охрид – Тим Арена

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

17.00: Спорт тим – Шкупи

Сала „Младост“ - Неготино

4.ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)

12.30: Риниа – Јан Бор

Сала „Христијан Тодоровски-Карпош“- Куманово

14.00: Патриот 2016 – Гостивар

Сала „Методија Митевски-Брицо“ - Делчево

Пониква 2022 - слободен

ТАБЕЛА: Патриот 2016 16, Шкупи 15, Тим Арена 14, Охрид 13, Гостивар 2009 12, Јан Бор 11, Риниа 9, Спорт тим 9, Пониква 2022 8;