13.10.2024

Баскет кам го доби дуелот што требаше да биде дерби, против Бадел 1862 (73:53), Вардар против Пробаскет со плус 25, (75:50)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Сигурен почеток на шампионот, „вардарки“ убедливи во Кавадарци...

Едно полувреме траеше неизвесноста на дуелот кој требаше да го одбележи првото првенствено коло во новата сезона од Првата лига-жени. Оној во салата „Независна Македонија“ во кој Бадел 1862 го предизвика Баскет кам.

„Баделки“ со неколку нови играчи како Јована Петрушевска и Марија Николов, беа конкурентни во првото полувреме во кое бранителот на шампионската титула имаше водство до четири поени (33:29).

А во продолжението на играта се разигра, во прв ред, Цветанка Димова. Делуваше незапирливо за противничката одбрана, на крајот на третиот период екипата од Македонска Каменица водеше со едоцифрени (51:38), за во онаа последната разликата „порасне“ и на 20 поени.

Димова застана на ефект од 29.поени (5/7 за три, 6/11 за два поени), имаше и седум скока, две асистенции. Одлична секвенца имааше и Максимовска, стрелец на 14.поени, додека пак Кметовска го заврши натпреварот со двоен ефект, односно 13.поени и 11 скока (плус 4 асистенции).

Во екипата на Бадел 1862, со 16 реализации (и шест скока односно четири асистенции) се издвои Николов, Петрушевска додаде 13. поени, а имаше и седум скока.  

Две добри четвртини, првата и последната им беа потребни на кошаркарките на Вардар да стигнат до убедлива победа на гостувањето во Кавадарци. Беа многу подобри од составот на Пробаскет, славеа со 25.поени разлика (75:50).

Тргнаа силно избраничките на тренерот Александар Ашаданов, уште во првиот период направија голема предност (29:13), следуваше период на доста порамноправна игра на теренот, за во последната четвртина да „вардарки“ направат нешто слично на првата. Ја добија со (25:13), за разликата да биде уште поголема во нивна корист.

Тасевска беше стрелец на 21. поен за екипата на Вардар, Трајковска даде 14. поени, Зафировска реализираше 13.поени, додека на другата страна Димитриева постигна 13, а Мегленова додаде уште 10.поени.

Денеска, во Делчево, се игра натпреварот помеѓу екипите на Патриот 2016 и Крива Паланка, додека екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе добие службена победа откако екипата на Куманово-Гризли не се појави на теренот во предвиденото време за одигрување на натпреварот во Скопје.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО

Пробаскет – Вардар        50:75

МЗТ Скопје Аеродром – Куманово Гризли 20:0сл

Бадел 1862 – Баскет кам 2011 53:73

Патриот 2017 – Крива Паланка      86:112