15.10.2023

Предноста која ја креираа во првиот дел, кошакарките од Македонска Каменица ја претворија во сигурна победа (82:69)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Силен отпор на Крива Паланка, победата за Баскет Кам

Бранителот на шампионската титула, екипата на Баскет Кам 2011 излезе како победник во натпреварот во кој за противник ја имаше екипата на Крива Паланка.

Својот постоечки квалитет екипата од Македонска Каменица го потврди со една доста колективна игра, во која немаше некои поентерски отскокнувања. Во првиот дел од мечот обезбедија солидни (24:15), кои до полувремето ги зголемија на уште повисоки (46:31).

За гостинките добра вест беше тоа што беа подобри во другите две, но тоа не беше доволно за да стигнат до позитивен резултат против бранителот на титулата.

Екипа во која Димова реализираше 26. поени и предводеше една петорка на двоцифрени, во која „влегоа“ Кметовска со 13, Поп Димитровска која имаше 12, Тасевска 11, а Адамовска со уште десет поени.

Ашиа Мек Кала беше убедливо најефикасната кошаркарка на теренот. Новото засилување на екипата од Крива Паланка забележа 35.поени, но тоа не беше довоолно за изненадување во СРЦ „Кале“.

Шампионот запиша уште еден триумф, втор за екипата од Македонска Каменица колку што имаат и екипите на Вардар и на МЗТ Скопје Аеродром.

До првиот пак дојдоа кошаркарките на Пробаскет, кој славеа против Струга 2009 на гостински терен. И тоа убедливо (73:53), во натпревар во кој доминираа нивните странски засилувања, Јовановиќ (17.поени) и Платер која даде 15. Но пријатно изненадување во кавадаречкиот состав беше Лиле Миткова која освен 15.реализации, својата добра игра ја дополни и со седум скока.

Младата репрезентатива, Клементина Модева одигра пак одлично за домашната екипа. Стигна до ретко виден дабл-дабл ефект во ѓенската кошарка, изразен со реализација на 23.поени и 21.скок, но ова нејзино индивидуално остврување остана без вистинска поддршка од нејзините соиграчи.    

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Баскет Кам 2011 - Крива Паланка      82:69

Струга 2009 – Пробаскет           53:73

Куманово Гризли – Вардар      50:66

Бадел 1862 - МЗТ Скопје Аеродром 71:88

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 4, Вардар 4, МЗТ Скопје Аеродром 4, Пробаскет 3, Куманово-Гризли 3, Крива Паланка 2, Бадел 1862 2, Струга 2009 2;

ИДНО КОЛО (21.10)

Пробаскет – Баскет Кам 2011

Крива Паланка – Бадел 1862

Вардар – Струга 2009

МЗТ Скопје Аеродром – Куманово-Гризли