01.12.2023

Овој викенд стартува вториот круг од првата фаза во групата „А“ од женска сениорска конкуренција

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Скопско дерби, „вардарки“ против „баделки“

По одигрувањето на седум првенствени кола стана јасно дека три екипи, Баскет Кам 2011, Вардар и МЗТ Скопје Аеродром ќе бидат оние кои ќе се борат за најдобрите стартни позиции пред оној дел од првенството што се нарекува плеј-оф.

Со забелешка дека во овој момент, пред почетокот на вториот круг, ко-лидери на табелата се екипата која го брани шампионскиот трофеј – Баскет Кам 2011, и екипата коај има сериозни аспирации да биде на тоа место - Вардар.

За разлика од составот од Македонска Каменица кој својот меч од овој круг ќе го игра нешто подоцна, на 5. декември (среда), против последнопласираниот тим на Струга 2009, „вардарки“ ги чека гостување во салата „Независна Македонија“.

Во сабота попладне, поточно од 14.30 часот следува скопската пресметка против екипата на Бадел 1862, и во која девојките во „црвено-црна“ комбинација влегуваат како фаворити, не само според пласманот на табелата, туку и поради постоечкиот квалитет евидентиран во нивните редови.

Ништо полесна задача ќе немаат ниту кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром, кои пат патуваат за Крива Паланка, каде од 17.часот, го чека дуелот со засилениот домашен состав во кој има уште една кошаркарка од САД.

Сепак, се чини дека најголеми возбудувања и неизвесност треба да донесе оној натпревар кој се игра во неделниот термин, од 18.часот, кој се игра во Куманово, а во кој домашната екипа на Куманово-Гризли го дочекува кавадаречки Пробаскет.

Две екипи кои се „соседи“ на табелата и кои ги дели само една победа да бидат изедначени и во тој, резултатски поглед.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 8. КОЛО

2. ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

14.30: Бадел 1862 – Вардар

Сала „Независна Македонија “- Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/nhrEjudxNqQ?si=2mAjO5Bz8Y4E-lWP

17.00: Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Бранители 2011“ – Крива Паланка

3.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Куманово-Гризли – Пробаскет

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/dt3RlmRx4ik?si=rOknD5x6nzqwEddv

5.ДЕКЕМВРИ )СРЕДА)

20.00: Баскет Кам 2011 – Струга 2009

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/SMiUie1tCp0?si=68ku2M46KWnXBqd6

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 13, Вардар 13, МЗТ Скопје Аеродром 12, Куманово-Гризли 11, Пробаскет 10, Крива паланка 9, Бадел 1862 9 Струга 2009 7;  

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 5. КОЛО

1.ДЕКЕМВРИ

18.30: Гостивар 2009 – Спорт тим

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/-Ml7xGOHX2w?si=d-U8umnOuPWMOgw2

2.ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

13.00: ГКК Охрид – Риниа

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

15.00: Тим Арена – Шкупи

Сала „Јордан Мијалков“ – Штип

3. ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

17.30: Пониква 2022 – Патриот 2016

Сала „Методија Митевски -Брицо“ – Делчево

Јан Бор – слободен

ТАБЕЛА: Тим Арена 7, Шкупи 6, Патриот 2016 6, Гостивар 2009 6, Охрид 6, Јан Бор 6, Пониква 2022 4, Спорт тим 4, Риниа 3;