Кошаркарките на Бадел 1862 се чини дека ја забележаа најважната победа во вториот круг од натпреварите во Првата А лига-жени, односно првото коло од т.н. „Оролоџо“.
Во локалната скопска пресметка, „баделки“ на гостински терен го совладаа составот на Вардар со резултат (84:80), доволно за да се пробијат на шестата позиција на првенствената табела.
Во доста изедначен натпревар, уште еднаш, како и на изминатите неколку натпревари, во главна улога беше странскиот „трилинг“ во Бадел 1862. Техеда реализираше 26.поени, еден помалку даде Томпсон. Баркли постигна 13, исто како и Митрева.
На спротивната страна од теренот, поените беа далеку подобро „распределени“, но тоа не беше доволно за победа на Вардар.
Матие ги предводеше „црвено-црните“, беше стрелец на 22.поени, на кои додаде и 12.скока. Освен 16.поени, Димитријевиќ имаше и 7. асистенции. Двоен број на поени, вкупно 13 имаше новакот во нивните редови, Тасевска, додека десет запиша една од најмладите во ростерот на Вардар, Начевска.
Мало изненадување е и победата и тоа убедлива на кошаркарките на Куманово-Гризли на гостински терен кај Крива Паланка (75:48).
Изненадување, дефинитивно, не е победата на Баскет Кам 2011 против последнопласираната Струга 2009 со (95:39). По поразот на Вардар во дуелот со Бадел 1862, сега, екипата од Македонска Каменица е на два чекори пред „вардарки“.
Приклучок кон горниот дел од табелата држи и екипата на МЗТ Скопје Аеродром која беше за десет поени подобра од кавадаречки Пробаскет (64:54).
ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 1.КОЛО – ОРОЛОЏО
Баскет Кам 2011 – Струга 2009 95:39
Вардар – Бадел 1862 80:84
МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет 64:54
Крива Паланка – Куманово-Гризли 48:57
ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 28, Вардар 26, МЗТ Скопје Аеродром 25, Куманово-Гризли 23, Крива Паланка 22, Бадел 1862 21, Пробаскет 20, Струга 2009 15;
ИДНО КОЛО (24.02)
Струга 2009 – Куманово-Гризли
Пробаскет – Крива Паланка
Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром
Баскет Кам 2011 – Вардар