18.10.2024

Поради отсуство на неколку првотимки, Баскет Кам и Патриот 2016 ќе го одиграат својот меч во подоцнежен термин

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: „Соседско дерби“ во Кисела Вода, МЗТ Скопје против Бадел 1862

Второто коло од Првата лига во женска конкуренција треба да донесе потврда на успешните игри на онаа „половина“ од екипите во „А“ групата.

Тоа се однесува за Баскет кам, Вардар и Крива Паланка, секако и МЗТ Скопје, макар што „аеродромки“ до првите бодови дојдоа по службен пат.

Во вториот круг од натпреварите, МЗТ Скопје за противник ја има екипата на Бадел 1862 во дуел на две екипи кои своите натпревари ги играта „под ист кров“, во салата „Независна Македонија“, а во кој предноста ја имаа „гостинките“ најмногу поради фактот дека донесоа неколку проверени кошаркарки, и доста поискусни во однос на тимот кој го предводи тренерот Горан Крстевски.

Успехот на гостувањето во Делчево, екипата на Крива Паланка ќе го „потврдува“ пред своите верни симпатизери во салата „Бранители 2001“ во натпреварот против екипата на Пробаскет, кој се игра во недела (од 17.30 часот).

Половина час подоцна, во Куманово, својот натпревар ќе го одиграат екипите на Куманово-Гризли и Вардар, додека поради отсуство на некои од кошаркарките на Баскет кам, дуелот со Патриот 2016, актуелниот првак ќе го одигра на 23. октомври (среда), од 15. часот, пред својата публика во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 2. КОЛО

19.ОКТОМВРИ (САБОТА)

12.00: МЗТ Скопје Аеродром – Бадел 1862

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/IwDchCGan0k?si=3bHgSQKihJNHjro4

20.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

17.30: Крива Паланка – Пробаскет

Сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка

18.00: Куманово-Гризли – Вардар

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ui2Cwcaie9M?si=DKfgj21vWdx2E7vd

23.ОКТОМВРИ (СРЕДА)

15.00: Баскет Кам 2011 – Патриот 2016

Сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

 

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 2. КОЛО

18.ОКТОМВРИ (ПЕТОК)

18.30: Охрид – Гостивар

Сала „Григор Прличев“ – Охрид

19.ОКТОМВРИ (САБОТА)

12.30: Шкупи – Јан Бор

Сала „Зеф Љуш Марку“ - Скопје

15.30: Струга 2009 – Спорт тим

Сала „Нико Нестор“ – Струга

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Bd6V0bQKRIU?si=UkQ_g6Q4otWpvPCP

19.00: Пониква 2022 - Риниа

Сала „Сашо Лазаров“ - Кочани