18.04.2022

Убедливи победи на четирите носители во првите натпревари од четвртфиналето од доигрувањето за титулата

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Стартуваше плеј-офот, фаворитите без пардон

Екипите кои имаат подобра стартна позиција со убедливи победи ги стартуваа натпреварите од четвртфиналната фаза од плеј-офот.

Водечката екипа во регуларниот дел, Бадел 1862 без особени проблеми стигна до убедлив триумф над новиот член на елитната лига, екипата на Гризли Баскет (91:48) и поведе со (1-0) во серијата во која на „баделки“ им треба уште една победа за пласман во полуфиналето.

На чекор до следната рунда е и актуелниот бранител на шампионскиот трофеј, екипата на Баскет Кам 2011 кој лесно го победи кавадаречки Пробаскет (89:52).

Слично се одвиваа рабтите и на средбата во „Кале“, каде Вардар беше доминантен во дуелот со МЗТ Скопје Аеродром (82:34).

Неизвеснст, што е мало изненадување, немаше ниту во дуелот Крива Паланка-Струга 2009, затоа што домашната екипа стигна до висока победа од (84:66) и е на победа за влез во првата „четворка“ во која беа и во оној регуларен дел од шампионатот.

Инаку, вториот четвртфинален круг се игра на 19 односно 20.април, на теренот на послабопласираните екипи во регуларниот дел од сезоната.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ - ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ 1. НАТПРЕВАР

Бадел 1862 – Гризли Баскет     91:48 (1-0)

Баскет Кам 2011 – Пробаскет  89:52 (1-0)

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром         82:34 (1-0)

Крива Паланка – Струга 2009  84:66 (1-0)