Вториот круг од четвртфиналето на плеј-офот во женска сениорска конкуренција тргна уште една дилема, ако воопшто постоеше...
Екипата на Бадел 1862 им се придружи на Баскет Кам 2011 и на Вардар во полуфиналето, откако очекувано, со убедливи (74:39) стигна до втор триумф против веќе новиот прволигаш, Гризли Баскет.
Кој ќе им биде противник на „баделки“, ќе биде познато по одигрувањето на третиот меч во серијата во која играат еипите на Струга 2009 и на Крива Паланка.
Стружанки ја искористија предноста на домашен терен, ја победија екипата на Крива Паланка со (73:53) и израмнија на (1-1) во серијата која ќе го даде последниот учесник на полуфиналето.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ
РЕЗУЛТАТИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Пробаскет - БАСКЕТ КАМ 2011 55:93; 52:89 (0-2)
МЗТ Скопје Аеродром – ВАРДАР 47:92; 34:82 (0-2)
БАДЕЛ 1862 – Гризли Баскет 39:74; 91:48 (2-0)
Крива Паланка – Струга 2009 73:53; 84:66 (1-1)