24.03.2024

Куманово-Гризли го доби дуелот со Баскет Кам со убедливи (76:61), и влезе во жестока битка со МЗТ Скопје за позицијата број 3

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Трет пораз за првакот во сезоната, „падна“ во Куманово

Куманово-Гризли го доби дуелот со Баскет Кам со убедливи (76:61), и влезе во жестока битка со МЗТ Скопје за позицијата број 3

Со 22. реализации Муса ја предводеше екипата од Куманово до изненадувачки убедливата победа над бранителот на титулата. Американскиот двоец, Џане и Џонсон реализираа по 20.поени, додека искусната Алексиќ имаше 16. реализации во победата која ги држи девојките од Куманово во трката за третото мето на табелата.

Во слабото издание на екипата од Македонска Каменица (трет пораз во сезоната), Зубац реализираше 25.поени, и беше најефикасен актер на овој дуел, Кметовска постигна 18, а Димова уште 10. поени.

Чекор поблиску до лидерската екипа, сега се кошаркарките на Вардар, кои стигнаа до сигурен успех на гостувањето во Крива Паланка (80:62).

Интересно, четири гостински кошаркарки, Матие, Зафировска, Тасевска и Наков реализираа по 14.поени во успехот на ова нималку лесно гостување.

Во отсуство на повредената Американка МекКала, во составот на Крива Палака, пооентерски се издвоија Мејзук со 20. реализации, Хоукинс со 14, и Алексовска која постигна 13. поени.  

На две кола пред крајот, „вардарки“ имаат скор (14-5), односно два бода помалку од Баскет кам 2011.

Во трка за третото место остануваат и кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродорм кои во ова коло имаа нешто полесна задача, да бидат подобри од последнопласираната екипа на табелата, Струга 2009. Го потврдија тоа и на теренот во салата „Независна Македонија“, победија со (77:42), за ефект (12-7), каков што има и Куманово-Гризли.

Една дилема помалку има и околу тоа која екипа ќе заврши како шестопласирана во вториот круг од првенството.

Тоа, извесно, ќе биде екипата на Бадел 2862 која во ова коло имаше сигурен настап во Кавадарци, и беше многу подобар ривал од Пробаскет, славејќи со високи (95:58). Доволни за учинок (7-12) и победа повеќе во однос на кавадаречкиот прволигаш во пресрет на последните два меча од „Оролоџото“.      

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ – „ОРОЛОЏО“

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009 77:42

Куманово-Гризли – Баскет кам 2011 76:61

Пробаскет – Бадел1862 58:95

Крива Паланка – Вардар           62:80

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 35, Вардар 33, Куманово-Гризли 31, МЗТ Скопје Аеродром 31, Крива Паланка 28, Бадел 1862 26, Пробаскет 25, Струга 2009 18;

ИДНО КОЛО (30.03)

Струга 2009 – Бадел 1862

Баскет кам 2011 – Пробаскет

Вардар – Куманово-Гризли

МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка

 

ПРВА „Б“ЛИГА - ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 16. КОЛО

Гостивар – Тим Арена     53:70

Риниа – Патриот 2016    41:75

Јан Бор – Охрид    39:57

25.МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК)

20.30: Шкупи – Пониква 2022

Сала „Зеф Љуш Марку “ - Скопје

Спорт тим - слободен

ТАБЕЛА: Тим Арена 28, Патриот 2016 27, Шкупи 24 (-1), Охрид 24, Гостивар 2009 21, Јан Бор 18, Риниа 17, Спорт тим 15, Пониква 2022 14;