14.10.2024

Славеа со висока разлика (112:86) на гостински терен во Делчево

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Убедлив почеток на Крива Паланка

Со победа на Крива Паланка на гостински терен во Делчево, против екипата на Патриот 2016, доста убедлива (112:86), беше заокружено првото коло од новата сезона во Првата лига-жени.

Гостинките од Крива Паланка ги добија сите четири четвртини, но иако во улога на фаворити, домашната екипа покажа дека со право има место во онаа прва „осумка“.

Се играше доста ефикасно, за што говори и крајниот резултат во кој двете екипи постигнаа скоро 200 поени.  

Кога сме кај поентирањето, Алексовска и Робинсон постигнаа по 39.поени, додека Меклејни реализираше 29. поени во победничката екипа, која, извесно, со овој убедлив триумф во Делчево, најавува атак на челните позиции во новиот шампионат.

Рашова дојде до 23.поени, Стоименовска беше стрелец на 18.поени, а Тошевска уште десет за домашната екипа.

Претходно, Баскет кам и Вардар ја оправдаа фаворитската улога во натпреварите со Бадел 1862 и Пробаскет, додека службена победа забележа екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

Во првиот круг од натпреварите во „Б“ групата, многу важна победа за кошаркарките на Струга 2009 на гостински паркет против екипата на Шкупи (51:49). Убедлив настап, во Гостивар, имаа младите кошаркарки на Тим спорт кои славеа со високи (82:27), додека третата гостинска победа во првото коло ја реализираа кошаркарките на Охрид, беа подобри од Риниа (52:39).

Утре, од 18.часот, ќе играат екипите на Јан Бор и Пониква 2022.  

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Патриот 2017 – Крива Паланка           86:112

Пробаскет – Вардар        50:75

МЗТ Скопје Аеродром – Куманово Гризли 2:0сл

Бадел 1862 – Баскет кам 2011 53:73

ИДНО КОЛО (19.10)

Куманово-Гризли – Вардар

МЗТ Скопје Аеродром – Бадел 1862

Крива Паланка – Пробаскет

Баскет Кам 2011 – Патриот 2016

 

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Шкупи – Струга 2009       49:51

Риниа – Охрид       39:52

Гостивар – Тим спорт      27:82

15.10: Јан Бор – Пониква 2022

ИДНО КОЛО (19.10)

Струга 2009 – Спорт тим

Шкупи – Јан Бор

Охрид – Гостивар

Пониква 2022 - Риниа