14.11.2022

Двете водечки екипи запишаа и петти триумф во исто толку кола, за ко-лидерска позиција на табелата...

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Вардар и Баскет Кам продолжуваат во победнички ритам

Двете водечки екипи во женската елитна конкуренција дојдоа до уште една победа. За Вардар и за Баскет Кам 2011 петта по ред.

Многу потешка задача имаше актуелниот вицепрвак, во Македонска Каменица дојде до не баш лесен триумф над Струга 2009 (68:62). Да биде ситуацијата уште полоша за тимот на Златко Гоцевски, и информацијата дека поради сериозна повреда (на лактот) останаа без репрезентативката Елена Тасевска по само две минути од натпреварот.

Многу полесно поминаа „вардарки“, на гостувањето во Кавадарци, против Пробаскет (81:42), за оддржување на победничкиот низ.

Прва победа во сезоната реализира екипата на Крива Паланка. На гости кај Гризли Баскет со (52:49).

На победите им се вратија и кошаркарките на Бадел 1862. Актуелниот шампион беше подобар од МЗТ Скопје Аеродром (84:69), а во пресрет на дерби дуелот со Вардар, кој ќе се игра по репрезентативната пауза (на 3. декември).  

Во „Б“ сегментот, максимален ефект за екипата на Шкупи, која во овој круг од натпреварите стигна до триумф против Јан Бор (71:53). Победа на гостински терен запиша Гостивар, кај новакот во оваа конкуренција Пониква 2022 (67:57).

При врвот останува и Пелистер, кој ја совлада екипата на МКК Куманово (6745), како и Ринија, на гостински терен кај Спорт Тим, во Неготино (59:54)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Гризли Баскет – Крива Паланка                      49:52

Баскет Кам 2011 – Струга 2009           68:62

Пробаскет – Вардар        42:81

Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром 84:69

ТАБЕЛА: Вардар 10, Баскет Кам 2011 10, Бадел 1862 8, МЗТ Скопје Аеродром 8, Струга 2009 8, Крива Паланка 6, Гризли 5, Пробаскет 5;

ИДНО КОЛО (03.12)

Крива Паланка – Струга 2009

Гризли – Пробаскет

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011

Вардар – Бадел 1862

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Шкупи – Јан Бор    71:53

Пониква 2022 – Гостивар          57:67

Пелистер – МКК Куманово       67:45

Спорт тим – Риниа           54:59

Патриот - слободен

ТАБЕЛА: Шкупи 10, Пелистер 8, Пониква 2022 7, Патриот 7, Гостивар 2009 6, Јан Бор 6, Риниа 6, Куманово 2020 5, Спорт тим 4;

ИДНО КОЛО (19.11)

МКК Куманово – Спорт тим

Гостивар – Пелистер

Јан Бор – Пониква 2022

Патриот - Шкупи