14.10.2023

Стигнаа и до вториот позитивен резултат во дуелите со Куманово Гризли и Бадел 1862...

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Вардар И МЗТ Скопје со максимален ефект

ФОТО: Екипата на МЗТ Скопје, засилена со две Американки, стигна до втората прволигашка победа

Екипата на Вардар полесно од предвидувањата славеше победа на гостувањето во Куманово (66:50). „Вардарки“ го најавија тоа со извонредната прва четвртина во која реализираа убедливо водство од (21:7), на полувремето беше слично (38:20).

Нешто подобро домашните кошаркарки заиграа по паузата, но не успеаја да се спуштат и на едноцифрено заостанување. По три одиграни четвртини беше (51:38) за Вардар, екипа која успеа да го задржи и да слави по втор пат од почетокот на новиот шампионат.

Славица Наков реализираше 19.поени, но имаше и осум скока и две асистенции, ја следеше Димитријевиќ, која постигна 15 поени (плус седум скока и пет додавања), Зафировска ги испрати со 10.

Во домашната екипа, Џонсон имапе 16.реализации (и седум скока), Петрушевска постигна 12, а втората Американка во нивните редови Кемп имаше двоен скор од 11 поени и 12.скока.

Максимален ефект по две одиграни средби има и екипата на МЗТ Скопје. Аеродромки беа подобри од Бадел 1862 во локалната скопска пресметка. На крајот тоа делува и убедливо (88:70).

Во голема мерка поради одличниот почеток на мечот во салата „Независна Македонија“. Десет минути во кои МЗТ Скопје направи скоро недостижна предност, (30:9).

Секако, и благодарение на одличниот американски двоец Томас-Џефрис, кои искомбинираа дури 61.поени., а кои добија поентерска поддршка од капитенот Митева и Волнианска кои додадоа по десет поен во вкупниот збир за освојувачот на Купот.

Од другата страна, кај „баделки“, со 21 реализација се издвои најискусната во нивните редови, капитенот Сандра Лазареска. По 14.поени додадоа Маркоска и Блажевска, додека пак Димковска постигна 11.  

Другите две средби од ова второ коло се играат во неделниот термин.

Од 14.часот, во СРЦ „Кале“, екипата на Баскет Кам 2011 ја пречекува Крива Паланка, додека пак од 16.часот во салата „Нико Нестор“, Струга 2009 е домаќин на кавадаречки Пробаскет.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО

Куманово Гризли – Вардар      50:66

Бадел 1862 - МЗТ Скопје Аеродром 71:88

15.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

14.00: Баскет Кам 2011 - Крива Паланка

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/-M0IYIuIZTA?si=be-Wh0OWAip3Blmm

16.00: Струга 2009 – Пробаскет

Сала „Нико Нестор“ – Струга

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/pjiWiZW1zJ0?si=_Ks6bDpmj1b21xJR