25.10.2021

Водечките екипи запишаа уште по една победа

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Вардар се одбрани од Струга 2009, Бадел 1862 убедливо против Пробаскет

Екипите на Бадел 1862 и Вардар остануваат на стонастотен ефект по три одиграни кола имаат максимални шест бодови.

Но до последните два, кошаркарките на Вардар требаше добро да се намачат во дуелот на домашен терен против Струга 2009. До победата дојдоа буквално во последната минута, со поените на најмладата на теренот, Начевска, и највозрасната Димовска, за конечни (63:61).

Такви проблеми немаа кошаркарките на Бадел 1862 кои се пресилни за Пробаскет. Им испорачаа повеќе од сто поени на гостинките од Кавадарци, (104:30).

Актуелниот шампион, екипата на Баскет Кам 2011 се покажа во едно такво издание на гостувањето кај Работнички (86:65), а чекорот со водечките екипи го одржува и Крива Паланка, која исто така, на гостински терен, беше подобра од МЗТ Скопје Аеродром (62:47).

Во групата „Б“, три екипи со по две победи во првите две одиграни кола. Новакот во друштвото на прволигашите, Тим Арена беше подобра од Куманово (56:40). Кавадаречки Трокал беше далеку поквалитетен ривал од Патирот 2016, на домашен терен победи со убедливи (83:62), додека пак „најтесно“ победи Гостивар, против новиот тим во Првата лига, Гризли со (61:57).

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Бадел 1862 – Пробаскет 104:30

Вардар – Струга 2005     63:61

Работнички - Баскет Кам 2011 65:86

МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка      47:62

ТАБЕЛА: Бадел 1862 6, Вардар 6, Струга 2009 4, Баскет Кам 2011 5, Крива Паланка 5, Работнички 3, МЗТ Скопје Аеродром 3, Пробаскет 3;  

ИДНО КОЛО (30.10)

Пробаскет – Струга 2009

Бадел 1862 – Работнички

Крива Паланка – Вардар

Баскет Кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Тим Арена – Куманово 2020    56:40

Гризли – Гостивар 2009 57:61

Трокал – Патриот 2016   83:62

Риниа Баскет – Мега Баскет     72:47

Шкупи – слободен

ТАБЕЛА: Тим Арена 4, Трокал 4, Гостивар 2009 4, Гризли 3, Риниа Баскет 3, ЖКК Куманово 2020 2, Мега Баскет 2, Шкупи 1, Патриот 2016 1

ИДНО КОЛО (30.10)

Мега Баскет – Тим Арена

Патриот 2016 – Риниа Баскет

Шкупи – Трокал

Куманово - Гризли

Гостивар - слободен