Екипата на Вардар е првиот полуфиналист на плеј-офот во женска конкуренција.
„Вардарки“ беа подобри од својот противник, екипата на Пробаскет и на вториот меч од серијата, одновно одигран во нивната сала „Под Кале“ овојпат славеа со резултат (75:54), доволно за да ја затворат серијата со максимални (2-0) и да обезбедат место во следниот елиминациски круг од доигрувањето за титулата.
На „реваншот“, девојките во „црвено-црна“ комбинација поведоа со (19:9) по десет минут пд играта, до полувремето таа разлика беше уште поголема (34:21). Најдобриот период беше оној третиот во кој беа и најубедливи (28:15) за потврда на вториот поен во серијата.
Во онаа наредната, за противник ќе го имаат подобриот од онаа во која разигруваат екипите на Куманово-Гризли и Бадел 1862.
Деловска реализираше 18.поени, Пислевска 13, а Зафировска имаше уште 12.поени во „гостинската“ екипа. Во домашната, Јовановиќ постигна 19.поени, а Бошкова даде 10.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ - ПЛЕЈ-ОФ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ – ВТОРИ НАТПРЕВАРИ
Пробаскет – Вардар 54:75 (0-2)
23.АПРИЛ (ВТОРНИК)
19.00: Бадел 1862 – Куманово-Гризли (0-1)
Сала „Независна Македонија“ - Скопје
25.АПРИЛ (ЧЕТВРТОК)
20.00: Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром (1-0)
Сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка
ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР
23.АПРИЛ (ВТОРНИК)
19.00: Баскет кам 2011 – Патриот 2016 (0-0)
Сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица