13.10.2023

Шампионот Баскет Кам ја дочекува Крива Паланка, а Бадел 1862 ќе игра против МЗТ Скопје Аеродром

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: „Вардарки“ го тестираат „новиот“ Куманово

ФОТО: Кошаркарките на МЗТ Скопје важат за фаворит на хартија во мечот со Бадел 1862

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од второто првенствено коло во Првата „А“ лига во женска конкуренција.

Коло кое со себе носи одигрување на четири натпревари. Два се во саботниот, и уште два во неделниот термин за одигрување на првенствени натпревари.

Колото број 2 ќе биде отворено со можеби и најинтересниот меч во оваа рунда. Во салата „Перо Наков“ во Куманово, од 16.часот, екипата на Куманово-Гризли го дочекува скопски Вардар. Дуел на две екипи кои имаа одличен почеток на новата сезона. „Вардарки“ делуваа убедливо против Бадел 1862, додека пак „новиот“ женски колектив во Куманово, сега со додавка Гризли, беше подобар од Пробаскет на гостувањето во Кавадарци.

Еден час подоцна, (17.00), во салата „Независна Македонија“ ќе се сретнат локалните ривали, екипите на Бадел 1862 и на МЗТ Скопје Аеродром.

Ден подоцна, во СРЦ „Кале“, од 14.часот, бранителот на шампионската титула, Баскет Кам 2011, ја дочекува екипата на Крива Паланка, додека по втор пат по ред, екипата на Струга 2009 игра на домашен терен, а за противник го има кавадаречки Пробаскет.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 2. КОЛО

14.ОКТОМВРИ (САБОТА)

16.00: Куманово Гризли – Вардар

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/pVnVwnrh6NE?si=OvAxMf9lt22WgKdC

17.00: Бадел 1862 - МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/A3BcaqbSeUY?si=XpEJdWIDJSr3rrMj

15.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

14.00: Баскет Кам 2011 - Крива Паланка

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/-M0IYIuIZTA?si=be-Wh0OWAip3Blmm

16.00: Струга 2009 – Пробаскет

Сала „Нико Нестор“ – Струга

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/pjiWiZW1zJ0?si=_Ks6bDpmj1b21xJR