16.03.2024

За поразот во Куп-полуфиналето, славеа со минимални (59:58), за потврдено второ место, Баскет Кам убедлив против Крива Паланка (84:54)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Вардарки му се реваншираа на МЗТ Скопје

Кошаркарките на Баскет кам 2011 ја задржаа предноста од три победи во однос на конкуренцијата откако со уште еден убедлив настап, славеа висока победа на свој терен.

Против Крива Паланка, имаа вишок од 30.поени (84:54), и на три кола пред крајот на втората фаза, скоро извесно ја потврдија првата стартна позиција пред плеј-офот.

Имаа одлична прва четвртина девојките од Македонска Каменица, која ја решија во своја корист со (26:10), а работата им беше доста олеснета со неиграњето на најдобрата кошаркарка во гостинската екипа, Американката МекКала.

До полувремето, таа разлика порасна и на недостижни (45:24).

Тренерот Жаклина Стојановска и даде одмор на Поп Димитровска, а со намалена минутажа беше и Кметовска.

Поентерски, со 18. поени, се издвои Димова, Николов и Зубац имаа по 15, а Адамоска заврши со 13. реализации, додека кај Крива Паланка, Алексовска даде 21. поен, а Хоукинс постигна 15.

До многу важна победа, која ги остава на втората позиција на табелата стигна кошаркарктие на Вардар. Во директниот дуел со конкурентот за тоа место, МЗТ Скопје Аеродром, „вардарки“ стигнаа со минимален триумф (59:58).

Гостинките беа подобри во првото полувреме, го добија со (31:27), но кога требаше, Вардар одигра за нијанса подобро, и дојде до многу важна победа која ги става на ефект (13-5).

Матие имаше одличен настап. Ги одигра сите 40.минути во кој дојде до дабл-дабл од 18.поени и 16.скока, Зафировска додаде 13.поени, а Наков уште 11 за Вардар.

МЗТ Скопје Аеродром го одигра овој натпревар и буквално со една петорка во која се одвои Томас, стрелец на 29.поени, МекКало даде 12, а Митева уште 10.поени.

Поразот на екипата од Аеродром, максимално го искористија кошаркарките на Куманово-Гризли кои на гостински терен го совладаа Бадел 1862 со (83:72). До 11. победа во 18. одиграни мечеви кумановки ги предводеше искусната Алексиќ, која постигна 32. поени.

Во Струга, очекувано, Пробаскет беше подобар од Струга 2009, на крајот резултатот гласи (64:49) во корист на кавадаречкиот прволигаш, кој со ефект (6-12), сега е на делба на шестата позиција на табелата (заедно со Бадел 1862).

Со 21.поен, Тодорова го предводеше гостинскиот тим во кој уште Бошкова и Јовановиќ додадоа по 14.поени.

На другата страна, уште едно одлично индивидуално издание на Модева. Младтаа репрезентативка имаше извореден ефект од 28.поени и дури 23. скока, додека Хиса дополни со 11.поени.  

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ – „ОРОЛОЏО“

 

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Баскет Кам 2011 - Крива Паланка      84:54

Вардар - МЗТ Скопје Аеродром          59:58

Бадел 1862 - Куманово-Гризли           72:83

Струга 2009 – Пробаскет           49:64

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 34, Вардар 31, МЗТ Скопје Аеродром 29, Куманово-Гризли 29, Крива Паланка 27, Бадел 1862 24, Пробаскет 24, Струга 2009 18;

ИДНО КОЛО (23.03)

МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009

Крива Паланка – Вардар

Куманово-Гризли – Баскет кам 2011

Пробаскет – Бадел1862

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15. КОЛО

Тим Арена – Јан Бор        78:34

Охрид – Шкупи     60:72

20.03: Патриот 2016 – Спорт тим

Сала „Методија Митевски-Брицо“- Делчево

17.МАРТ (НЕДЕЛА)

18.00: Пониква 2022 – Риниа

Сала „Сашо Лазаров“- Кочани

Гостивар - слободен

ТАБЕЛА: Тим Арена 26, Шкупи 24, Патриот 2016 23, Охрид 22, Гостивар 2009 20, Јан Бор 17, Риниа 14, Спорт тим 14, Пониква 2022 13;