Со вечервашниот дуел во салата „Под Кале“ и дуелот помеѓу екипите на Вардар и на Струга 2009 ќе стартува третото коло од женската најквалитетна лига.
„Вардарки“ се една од трите екипи кои ја почнаа новата сезона со две победи, и вечерва избраничките на тренерот Александар Ашаданов ќе атакуваат и на третата во низа. Од друга страна уште повеќе подмладениот состав од Струга ќе ја бара својата прва радост, со реално доста помали шанси за тоа.
Останатите три натпревари од овој круг ќе се играат за време на викендот.
Бранителот на титулата, екипата на Баскет Кам 2011 има гостување во Кавадарци, (недела, 13.часот), против екипата на Пробаскет, која во минатото коло ја победи токму екипата од Струга. Прва за женскиот кавадаречки прволигаш во првенството.
Ден порано, (во сабота, 17.часот), МЗТ Скопје Аеродром, екипата која исто така има две победи, ја дочекува екипата на Куманово-Гризли.
Еден час порано (16.00) во салата „Бранители 2001“, екипата на Крива Паланка е домаќин на Бадел 1862 во обид да го реализира првиот триумф во новата сезона.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
ДВОЈКИ 3. КОЛО
19.ОКТОМВРИ (ДЕНЕСКА)
18.00: Вардар – Струга 2009
Сала на КК „Вардар“ – Скопје
ЛИНК:https://www.youtube.com/live/MY5quoCHVmg?si=mE9NQW6WuXAgoKmF
21.ОКТОМВРИ (САБОТА)
16.00: Крива Паланка – Бадел 1862
Сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка
17.00: МЗТ Скопје Аеродром – Куманово-Гризли
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/GyIQhuDQQWk?si=PFp12lrgS7jrT7Ej
22. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
13.00: Пробаскет – Баскет Кам 2011
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/JQi8fLzpSxk?si=HjiGeYMipWBy2FUx