18.01.2024

Со три, нови, странски кошаркарки, во сабота (17.часот), во салата „Независна Македонија“ „баделки“ бараат победа над Баскет Кам 2011

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ:Видно изменетиот тим на Бадел 1862 го дочекува шампионот

Овој викенд продолжува и натпреварувањето во Првата лига во женска конкуренција. Се игра 11. коло од натпреварите во групата „А“, односно осмиот круг од натпреварите во Првата „Б“ лига.

Сите четири натревари од поквалитетната група се играат на 20. Јануари (сабота).

„Двојна програма “ е предвидена во салата „Независна Македонија“ во Скопје...

Најпрво, од 14. часот, на теренот ќе истрчаат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Струга 2009. Веќе од 17.часот закажан е веројатно и најинтересниот дуел од овој круг на натпреварите. Во првиот официјален натпревар во 2024 година, ќе се сретнат екипите на Бадел 1862 и Баскет Кам 2011.

За очекување е „баделки“ да заиграат со многу поголем ангажман, особено ако се земе в предвид дека во периодот на зимската пауза се засилија со неколку странски кошаркарки, кои треба да се „комбинираат“ со оној далеку понеискусен дел од ростерот на екипата во „жолто-сина“ комбинација.

Од друга страна пак, во редовите на бранителот на титулата се враќа една од нивните најдобри кошаркарки, Марија Николов, што е од големо значење за плановите на стручниот штаб предводен од тренерот Жаклина Стојановска.

Ко-лидерот на табелата, екипата на Варцар, од 16.часот во салата „Под Кале“ ќе го дочека кавадаречки Прбаскет, додека пак ова 11.коло ќе биде затворено со дуелот во Крива Паланка. Од 16.часот во салата „Бранители 2001“ ќе играат „соседите“, односно екипите на Крива Паланка и Куманово-Гризли.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 11.КОЛО

20.ЈАНУАРИ (САБОТА)

14.00: МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/lgSUs_0hg6o?si=3OfpSd1eh7_a4MfG

16.00: Вардар – Пробаскет

Сала на КК „Вардар“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/W6hVx_aOyD0?si=zRKVD9xAPwH4IWHg

16.00: Крива Паланка – Куманово-Гризли

Сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка

17.00: Бадел 1862 – Баскет кам 2011

Сала „Независна Македонија “- Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/sYUm67pTgXM?si=5nhcKh9VPlRereUI

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 19, Вардар 19, МЗТ Скопје Аеродром 17, Куманово-Гризли 15, Пробаскет 14, Крива Паланка 14, Бадел 1862 12, Струга 2009 10;

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 8.КОЛО

11.00: Јан Бор – Пониква 2022

Сала „Јасмин“ - Кавадарци

12.00: Шкупи – Патриот 2016

Сала „Зеф Љуш Марку“ - Скопје

15.00: Спорт тим – Риниа

Сала „Младост“ - Неготино

15.00: Гостивар – Охрид

Сала „Младост“ - Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/CgKWgEJ5kjM?si=NIyY0VLKWSt5w8mG

Тим Арена - слободен

ТАБЕЛА: Шкупи 12, Патриот 2016 12, Тим Арена 12, Охрид 11, Гостивар 2009 9, Јан Бор 8, Риниа 7, Пониква 2022 6, Спорт тим 6;