Во натпреварувачката сезона 2025/2026, Првата македонска лига (поранешна втора лига) ќе брои 14. екипи поделени во две групи „А“ и „Б“ (по седум учесници).
Во првата натпреварувачка фаза, во двете натпреварувачки групи ќе се игра двокружно, според Бергер систем, секој со секого, во 14. кола во кои секоја екипа ќе одигра по 12. натпревари (шест дома- шест на гости).
Во втората натпреварувачка фаза, ќе се формираат две нови групи на натпреварување, ТОП-8 и ПЛЕЈ-АУТ-6.
Пласмна во ТОП 8 ќе обезбедат првите четири пласирани екипи од Група „А“ и четирите најдобро пласирани екипи од групата „Б“( со пренесени меѓусебни резултати и бодови од првата фаза).
Се игра според системот „дома-гости“, против четири екипи од другата група (вкупно осум натпревари).
Во Плеј-аут-6 лигата ќе играат трите најслабо пласирани екипи од групата „А“ односно трите најслабо пласирани екипи од групата „Б“ (се пренесуваат меѓусебните резултати од првата фаза).
Се игра според системот „дома-гости“ против трите екипи од другата група (шест натпревари по екипа), а последнопласираната екипа испаѓа во Аматерската лига за натпреварувачката сезона 2026/2027.
Во групата „А“ ќе се натпреваруваат екипите на: Охрид, Тетекс ТТК, Мега Баскет, Црн Дрим, Вардар, Младинец, Партизан и Водно Санс.
Во групата „Б“, за што подобар резултат ќе играат екипите на Бутел, Спортисимо, Струмица ФМП, Борец Баскет, Соколи 1933, Ролинг Струмица и Овче Поле.
Статусот на учесници во Првата македонска лига-мажи за натпреварувачката сезона 2025/22026 преку специјална покана, обезбедија четири екипи: Спортисимо-Кавадарци, Овче поле од Свети Николе, Младинец-Скопје, Мега баскет од Прилеп.
Како најголем новитет, освен поделбата во две натпреварувачки групи, е можноста секоја од пријавените екипи во ова натпреваруавњем да (ис) користи можност за ангажман на еден странски кошаркар.
Прилика која веќе ја искористија некои од екипите кои најавуваат и нешто повисоки амбиции, и на своите пријавни листи веќе ставија по еден странец.
Освен што во оваа конкуренција влегоа со „вајлд-карта“, во Овче поле како дополнителна помош се одлучија да го имаат Натаниел Семедо. Откако претходно ангажираа неколку проверени кошаркарски имиња како Предраг Пајиќ, Паоло Блажевски, Стефан Донаковски.
Екипата на Борец баскет ќе ја стартува новата сезона во ова друштво со Дерик Елис, како еден од оние кои треба да бидат носителите на играта. Но велешкиот прволигаш ќе има респектабилен ростер со неколку стари, но и неколку нови играчи.
Од „староседелците“ тука се искусните Александар Штерјов, Петар Виларо, но и Суад Карталовиќ, Чадамов и Сапроновски (ќе играат на т.н. „двојна лиценца“). Нови играчи се Давид Трпески, Христијан Несторовски.
Слично „работеа“ и во екипата на Мега баскет. Прилепани „купија“ место во лигата, потоа направија промена на тренерската позиција, на која сега е искусниот страгег Благоја Печалов.
Го ангажирааа некогашниот играч на Пелистер, Владимир Враниќ како странски кошаркар на првата бековска позиција, но доведоа уште неколку играчи како Блажо Митков, Даниел Балоски,
Се чини дека овие додатни моменти, ќе направат и уште поунтерсно, поквалитенто натпреваруавње во оваа конкуренција на 14. екипи.
Но само една од нив, онаа која ќе помине прва низ целта, ќе се (из) радува на суперлигашка промоција.
ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА-МАЖИ
ГРУПА „А“
ДВОЈКИ 1. КОЛО
20. ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
18.00: Вардар – Тетекс ТТК
Сала на КК „Вардар“ - Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/0nGF6fT8ZAI?si=x54ffK4K3xGLZjVN
20.30: Мега баскет – Црн Дрим
Сала „Добре Јовановски“ – Прилеп
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/RVrGI4cEOHY?si=xJ70LLdA9PqK18yg
21.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)
15.00: Водно санс – Охрид
СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/pswkDkt4ZoE?si=BeHVbDBcfMbAFk5T
ГРУПА „Б“
ДВОЈКИ 1. КОЛО
20. ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
21.00: Спортисимо – Овче поле
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/taFUAlx0VmI?si=6DnaWwi-tLYFJEgF
22. ОКТОМВРИ (СРЕДА)
16.00: Ролинг – Струмица ФМП
Сала „Парк“ – Струмица
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/D7rpRC0fNTo?si=5qS1vXGMJpHMoscp
18.00: Соколи 1933 – Борец баскет
Сала „Јордан Мијалков“ – Штип
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/o17MAFSa17s?si=BP5HiVLLlRee5ya8
Листа на одобрени играчи во Прва македонска лига-мажи за натпреварувачка сезона 2025/2026
СТРУМИЦА РОЛИНГ - СТРУМИЦА
Драган Абрашев, Драган Алексиќ, Томе Митев, Ненад Петров, Матеј Кузманов, Благој Глигоров, Илија Николов, Огнен Симовски, Давид Петров, Никола Мицев, Мартин Атанасов
СОКОЛИ 1933 - ШТИП
Никола Караколев, Милан Милков, Христијан Тодороски, Дамјан Стојменов, Дарио Митевски, Михајло Митев, Петар Коцев, Александар Тодоровски, Атанас Костадинов, Борјан Ангелковски, Јордан Марков, Петар Балабанов;
БОРЕЦ БАСКЕТ - ВЕЛЕС
Александар Штерјов, Стефан Митрев, Никола Зафирчев, Суад Карталовиќ, Давид Трпески, Петар Виларов, Кристијан Петровски, Александар Анчевски, Мартин Захариев, Марјан Климкаров, Андреј Чадамов, Христијан Несторовски, Стефан Сапроновски, Матеј Велковски, Кристијан Коцевски, Христијан Андов, Дерик Елис (странец);
ВОДНО САНС - СКОПЈЕ
Никола Арсовски, Горазд Митев, Христијан Ванчов, Јаков Јосковски, Филип Сребров, Марко Бајалџиев, Мартин Стојановски, Никола Стевков, Виктор Вегов, Војдан Стаменковски, Михаил Анѓеловски, Лука Гацевски, Борјан Лазаров, Андреј Стојановски, Михаил Стојанов;
МЛАДИНЕЦ - СКОПЈЕ
Дамјан Павловски, Атанасие Мантев, Бојан Божиновски, Лука Шуменковски, Матеј Попов, Јован Георгиевски, Лука Стаменков, Марко Тримчевски, Никола Милосковски, Марко Костовски, Лука Маврак, Огнен Стојановски, Благој Здравковски;
ВАРДАР - СКОПЈЕ
Матеј Митревски, Сергеј Младеновски, Жарко Терзиевски, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Данев, Филип Алексовски, Лука Тодоровски, Никола Костов, Матеј Костов, Давид Рајковски, Марко Аврамовски, Димитар Котев, Милорад Миновски;
ЦРН ДРИМ - СТРУГА
Петар Бојоски, Драган Узуноски, Јован Ѓоровиќ, Ѓорѓи Милески, Мухамед Ќамиловски, Арјан Ќамиловски, Стефан Петрески, Томе Котевски, Матија Ѓоровиќ, Филип Антонијевиќ, Петар Николовски, Дион Шабани;
МЕГА БАСКЕТ - ПРИЛЕП
Давид Настески, Блажо Митков, Христијан Радически, Даниел Балоски, Александар Јовановски, Кристијан Домлески, Бојан Стевановски, Владимир Враниќ (странец);
ТЕТЕКС ТТК - ТЕТОВО
Владимир Костовски, Крсте Вапски, Александар Ѓорчевски, Марио Шуменковски, Мартин Крстевски, Стефан Теофиловски, Берр Абди,Илин Трпчевски, Јохан Дамјановиќ, Петар Ѓорѓиевски, Матеј Вучески;
ГКК ОХРИД
Војче Василевски , Христијан Кузманоски, Христијан Стојаноски, Васко Бојовски, Стефан Тасески, Алек Димоски, Дарко Димитриевски, Павел Стевковски, Димитриј Паскали, Александар Наумов, Лука Анастасов, Захариј Карајановски;
ОВЧЕ ПОЛЕ – СВЕТИ НИКОЛЕ
Паоло Блажевски, Михаил Стерјовски, Дамјан Трифуновски, Стефан Донаковски, Бојан Николовски, Енис Карашик, Марко Здравковиќ. Алек Ѓорѓиевски, Предраг Пајиќ, Натаниел Семедо (странец)
СТРУМИЦА ФМП – СТРУМИЦА
Александар Шајкаров, Димитар Пандев, Филип Пандев, Виктор Исајлоски, Јован Александровски, Никола Масевски, Милош Јовановиќ, Васил Пиперевалиев, Милован Јоциќ, Мартин Мудинов, Панче Митров, Горан Мицев, Лука Серафимоски;
СПОРТИСИМО - КАВАДАРЦИ
Андреј Митков, Младен Темелков, Ѓорѓи Ристовски, Јордан Тотов, Матеј Мркев, Стефан Ефремов, Филип Милков;
БУТЕЛ – СКОПЈЕ
Елвис Хот, Данчо Киров, Андреј Николовски, Стефан Милески, Марко Трипуноски, Теон Станковски, Ненад Петров, Марко Лазаревски, Антониј Тентов, Андреј Андоновски, Андреја Атанасов, Константин Мартиновски, Огнен Деспотовиќ;
*На листата на одобрени играчи, дополнително, клубовите може да пријават кошаркари од младинските екипи