Струмичкото дерби во целост и припадна на екипата на Струмица ФМП која стигна до убедлива победа над Ролинг.
РОЛИНГ – СТРУМИЦА ФМП 49:80
Освен почетната четвртина која домаќинот ја доби со минимални (20:19), сето друго беше на страна на гостинската екипа.
Особено тоа се однесува за второто полувреме кое Струмица ФМП го доби со (45:18), со кои ја поништи добрата игра на Ролинг во првите 20.минути кои завршија со, за нив, прифатливи (35:31).
Александровски со 23, и Пандев кој постигна 20.поени, го предводеа победничкиот тим, додека на другата страна, двоен број на поени – 13, имаше само капитенот Мицев.
СОКОЛИ 1933 – БОРЕЦ БАСКЕТ 90:71
Штипјани ја оправдаа фаворитската улога на отворањето на новата сезона во Првата македонска лига. На крајот, дојдоа и до убедлива победа против екипата од Велес.
Имаа подобар почеток од велешани, креираа сосема солидно водство од (22:15). Гостите од Велес бе подобри во втората четвртина, но не и доволно за да се вратат во егал.
На полувремето Соколи 1933 водеше со (40:36).
Но во второто полувреме, штипјани покажаа дека со право се вбројуваат меѓу екипите кои ќе бидат високо пласирани во оваа конкуренција.
Имаа четворица играчи со десет или повеќе поени. Најмногу 16, даде Костадинов, еден поен помалку имаше странецот Хамилтон, Коцев застана на 14, а Тодоровски ги испрати со 10.реализации.
Во екипата на Борец баскет, се истакна Сапроновски, кој реализираше 20.поени, новакот во нивните редови Трпески даде 18, а ветеранот Штерјов имаше 13.
ВОДНО САНС – ОХРИД 68:80
Гостите од Охрид го скршија отпорот на противникот во последниот период од играта. Во претходните три, доста изедначен натпревар играа екипите на Водно Санс и на Охрид, за што говори и резултатот (54:56).
Но во последниот дел, екипата од Охрид направи „вишок“ од десет поени (24:14), доволен за прв успех во новата сезона.
Бојовски реализираше 24.поени во победничката екипа. Стојаноски и Димитровски го следеа со 15, додека Кузманоски постигна уште 11.поени.
Митев постигна 18.поени за Водно Санс, Стојанов имаше 17, додека Бајалџиев дојде до бројка од 16.поени.
ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА-МАЖИ
ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
Вардар – Тетекс ТТК 99:65
Мега баскет – Црн Дрим 86:80
Водно санс – Охрид 68:80
Младинец – слободен
ТАБЕЛА: Вардар 2, Водно Санс 2, Мега баскет 2, Црн Дрим 1, Охрид 1, Тетекс ТТК 1, Младинец -;
ИДНО КОЛО (25.10)
Охрид – Младинец
Водно Санс – Вардар
тетекс ТТК – Мега баскет
Црн дрим - слободен
ГРУПА „Б“
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
Спортисимо – Овче поле 56:87
Ролинг – Струмица ФМП 49:80
Соколи 1933 – Борец баскет 90:71
Бутел - слободен
ТАБЕЛА: Овче поле 2, Струмица ФМП 2, Соколи 1933 2, Борец баскет 1, Ролинг 1, Спортисимо 1, Бутел - ;
ИДНО КОЛО (25.10)
Бутел – Овче поле
Соколи 1933 – Спортисимо
Струмица ФМП – Борец баскет
Ролинг Струмица - слободен