ФОТО: Екипата на Вардар беше убедлива во натпреварот со Тетекс ТТК
Првиот ден од оваа седмица беше резервиран и за премиерните натпревари од Првата македонска лига. Согласно со делегирањето, беа одиграни три натпревари, два од нив во групата „А“, и уште еден во групата „Б“.
ВАРДАР – ТЕТЕКС ТТК 99:65
Довчерашниот прволигаш имаше убедлив настап во дуелот со екипата од Тетово. Имаа апсолутна доминација од првата до последната минута од натпреварот, и во ниту еден момент не беше во доведено во прашање нивиот прв успех во новата сезона.
Цела една петорка на Вардар заврши како „двоцифрена“. Терзиевски реализираше 16.поени, Ѓорѓевиќ имаше 15, Данев 13, а Стојановски и најискусниот во нивните редови, Миновски, имаа по 11.поени во првиот триумф.
На страната на Тетекс ТТК, во оној поентерски дел предначеше Крстевски, кој постигна 21.поен, додека Теофиловски и Шуменковски го следеа со по 13.
МЕГА БАСКЕТ – ЦРН ДРИМ 86:80
Екипите од Прилеп и од Струга одиграа доста интересен, возбудлив, и во најголем дел изедначен натпревар, во кој на крајот победата ја однесе домашната екипа. Како пресуден се покажа оној средишен дел од натпреварот, особено вторите 10.минути во кои прилепчани парцијално направија (24-15), и на полувреме заминаа со двоцифрена предност (46:36), која се покажа како доволна за првата победа во новата сезона.
Четата на тренерот Благоја Печалов одигра крајно колективно, особено во фазата на нападот. Во преден поентерски план излегоа Враниќ, стрелец на 21.поен, Јовановски, кој уфрли 17, Митков кој даде 15. А двоцифрен број на поени во победничкиот тим имаа и Радически 12, односно Балоски кој додаде 10.
Сличен пристап имаа и стружани, во оној офанзивен дел, пред се, во кој Камиловски дојде до 21.поен, следен од Костоски кој уфрли 14, Узуноски имаше 12, додека Шабани и Бојоски имаа по 10.
СПОРТИСИМО – ОВЧЕ ПОЛЕ 56:87
Високите амбиции кои ги имаа (т) пред почетокот на новата сезона во оваа конкуренција, екипата на Овче поле ја покажа уште на првиот меч. На гостувањето во Кавадарци, екипата од Свети Николе стигна до сигурен триумф.
Голем дел од задачите гостите реализираа ушпте во воедните десет минути во кои се стекнаа со солидна позитива (26:9). Но тука не застанаа, како одминуваа минутите, така и растеше нивната предност, недостижна за младиот состав на Спортисимо.
Донаковски постигна 15.поени во победничката екипа, еден помалку имаше Пајиќ, Семедо дојде до 13, додека младиот Здравковиќ даде десет поени.
Во домашната, Стојановски и Ивановски имаа по 11. реализации.
ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА-МАЖИ
ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО
Вардар – Тетекс ТТК 99:65
Мега баскет – Црн Дрим 86:80
21.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)
15.00: Водно санс – Охрид
СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/pswkDkt4ZoE?si=BeHVbDBcfMbAFk5T
ГРУПА „Б“
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО
Спортисимо – Овче поле 56:87
22. ОКТОМВРИ (СРЕДА)
16.00: Ролинг – Струмица ФМП
Сала „Парк“ – Струмица
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/D7rpRC0fNTo?si=5qS1vXGMJpHMoscp
18.00: Соколи 1933 – Борец баскет
Сала „Јордан Мијалков“ – Штип
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/o17MAFSa17s?si=BP5HiVLLlRee5ya8