Премиерата на новата натпреварувачка сезона во Првата „Мтел“ лига донесе навистина доста добри индивидуални постигнувања, што е и видливо во оној прв статистички пресек, односно по одигрувањето на првото првенствено коло.
Во првата, веројатно и најважна секција – поентерска, се издвоија неколку играчи, добар дел од нив како нови во прволигашката конкуренција.
Најмногу, 39 поени дојдоа од новакот во редовите на гевгелиски Кожув, Андрија Стевановиќ, два помалку, реализираше Девон Грент од Феникс 2010, а вредни за споменување се и 28. поени кои ги реализираше репрезентативецот Стојан Ѓуроски од редовите на Работнички.
Во оној скокачки сегмент, само двајца играчи кои дојдоа до двоцифрена бројка. Новакот во Чаир 2030 Исаја Кели реализираше 13. скока, додека Бенџамин Стивенс од Вардар дојде до десет.
Во категоријата на најдобри асистенти, трката ја поведе Андреј Шошкиќ од Работнички. Младот репрезентативец собра осум успешни додавања на средбата со Феникс 2010. Односно еден повеќе од групата во која се Димитар Караџовски (Кожув), Бобан Стајиќ (Пелистер), Девин Говенс (ТФТ), Диванте Мофит (Чаир 2030) и Брајан Антоан (Пелистер).
Новиот играч на Шкупи, Данило Аранитовиќ загуби најмногу топки на премиерниот меч со МЗТ Скопје Аеродром имаше седум. Една помалку остана запишана зад името на Дамјан Робев (Работнички), по пет пак загубија Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл), Илија Колев (Кожув) и Андреј Шошкиќ (Работнички).
Од друга страна, новакот во редовите на Феникс 2010, Мајлс Баун дојде четири освоени топки, по три имаа неговиот соиграч Стефан Стојковиќ, но и Ваљмир Какруки (Чаир 2030), Филип Наков (Вардар)...
Закор Арчи од екипата на Шкупи имаше ист број на блокирани шутеви, еден помалку дојде од Ваљмир Какруки (Чаир 2030), Мајкл Едвардс (Пелистер), Амар Хот (Работнички)...
Андреј Шошкиќ е прв и на листата на играчи кои одиграа најмногу минути во првото коло од новата сезона. Остана на теренот повеќе од 39.минути, а уште двајца негови соиграчи од редовите на црвено-белите“ имаа слична минутажа. Стојан Ѓуроски одигра 38:29, а Дајман Робев уште 37:34 минути.
Репрезентативниот бек на Работнички ги реализира без грешка и сите слободни фрлања на средбата со Феникс 2010, истото го сторија и Младен Грушановиќ (Гостивар), Стефан Глигоријевиќ (Тиквеш Голден Игл), Андрија Бојиќ (Пелистер) и Закор Арчи (Шкупи).
Најдобра реализација во обидите за два поени имаше Девон Грент од Феникс 2010 кој реализира со 88.8%, нешто понизок беше процентот на реализација на Исаја Кели (Чаир 2030), Милош Копривица (МЗТ Скопје Аеродром), и уште еден играч на Феникс 2010, Стефан Стојковиќ, кои погодија со 85.7% на првите мечеви во сезоната.
Максимален ефект во шутот за три поени имаше Диванте Мофит од Чаир 2030, а одличен процент во обидите зад линијата од 6.75 метри имаше и Девон Грент од Феникс 2010 со 85.7%.
Овој играч комбинирнао има најдобра реализација од поле, на премиерата дојде до 87.5% пред одличниот Андреј Андоноски од МЗТ Скопје Аеродром кој има 83.3%, додека Дерин Говенс (ТФТ) и Мајкл Едвардс (Пелистер) имаа тошно 80%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Андрија Стевановиќ (Кожув) 1 39 39.0
2.Девон Грент (Феникс 2010) 1 37 37.0
3.Стојан Ѓуроски (Работнички) 1 28 28.0
4.Диванте Мофит (Чаир 2030) 1 26 26.0
5.Тадија Тадиќ (МКК Куманово) 1 25 25.0
СКОКОВИ
1.Исаја Кели (Чаир 2030) 1 13 13.0
2.Бенџамин Стивенс (Вардар) 1 10 10.0
3.Филип Наков (Вардар) 1 9 9.0
4.Амар Хот (Работнички) 1 8 8.0
5.Илија Колев (Кожув) 1 8 8.0
АСИСТЕНЦИИ
1.Андреј Шошкиќ (Работнички) 1 8 8.0
2.Димитар Караџовски (Кожув) 1 7 7.0
3.Бобан Стајиќ (Пелистер) 1 7 7.0
4.Дерин Говенс (ТФТ) 1 7 7.0
5.Диванте Мофит (Чаир 2030) 1 7 7.0
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Данило Аранитовиќ (Шкупи) 1 7 7.0
2.Дамјан Робев (Работнички) 1 6 6.0
3.Мајкл Грин (Тиквеш Игл) 1 5 5.0
4.Илија Колев (Кожув) 1 5 5.0
5.Андреј Шошкиќ (Работнички) 1 5 5.0
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Мајлс Баун (Феникс 2010) 1 4 4.0
2.Стефан Стојковиќ (Феникс 2010) 1 3 3.0
3.Ваљмир Какруки (Чаир 2030) 1 3 3.0
4.Мајлс Хауард (Кожув) 1 3 3.0
5.Филип Наков (Вардар) 1 3.0
БЛОКАДИ
1.Закор Арчи (Шкупи) 1 3 3.0
2.Ваљмир Какруки (Чаир 2030) 1 2 2.0
3.Мајкл Едвардс (Пелистер) 1 2 2.0
4.Декон Вилијамс (Шкупи) 1 2 2.0
5.Амар Хот (Работнички) 1 2 2.0
МИНУТИ
1.Андреј Шошкиќ (Работнички) 1 39:01 39:01
2.Андрија Стевановиќ (Кожув) 1 38:39
3.Стојан Ѓуроски (Работнички) 1 38:29 38:29
4.Дамјан Робев (Работнички) 1 37:34 37:34
5.Томас Куери (Тиквеш Игл) 1 36:53 36:53
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Дамјан Робев (Работнички) 1 100%
2.Младен Грушановиќ (Гостивар) 1 100%
3.Стефан Глигоријевиќ (Тиквеш Игл) 1 100%
4.Андрија Бојиќ (Пелистер) 1 100%
5.Закор Арчи (Шкупи) 1 100%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Девон Грент (Феникс 2010) 1 88.8%
2.Исаја Кели (Чаир 2030) 1 85.7%
3.Милош Копривица (МЗТ Скопје А) 1 85.7%
4.Стефан Стојковиќ (Феникс 2010) 1 85.7%
5.Томас Куери (Шкупи) 1 83.3%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Диванте Мофит (Чаир 2030) 1 100%
2.Девон Грент (Феникс 2010) 1 85.7%
3.Дерин Говенс (ТФТ) 1 80.0%
4.Брендон Слај (МЗТ Скопје А) 1 75.0%
5.Андрија Стевановиќ (Кожув) 1 75%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Девон Грент (Феникс 2010) 1 87.5%
1.Андреј Андоноски (МЗТ Скопје А) 83.3%
3.Дерин Говенс (ТФТ) 1 80.0%
4.Мајкл Едвардс (Пелистер) 1 80.0%
5.Исаја Кели (Чаир 2030) 72.7%