15.10.2024

По првите две кола, тројца играчи имаат просек од 30 и повеќе поени...

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ - ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 2. КОЛО: Стевановиќ, Грин и Грент над „триесетката“

Почетокот на новата првенствена сезона извесно, во „преден план“ ги става индивидуалните остварувања на играчите кои доаѓаат од „страна“.

Тоа се однесува и во онаа најважна статистичка категорија – поентерската.

Во првите две кола од новиот шампионат, тројца кошаркари се на просек од 30 и повеќе поени.

Одличен кошгетерски почеток имаа(т) Андрија Стевановиќ (Кожув) со просешни 32 поени, Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл), со 31, и Девон Грент (Феникс 2010) со точно 30. реализации по натпревар.

Висок просек на поени има и двоецот од МКК Куманово, Тадија Тадиќ и Александар Радукиќ кои се на 25.реализации.

Сличен е „распоредот“ на играчи во оној скокачки дел во кој четворица кошаркари се над просек од десет скока по натпревар.

Бенџамин Стивенс (Вардар) и Александар Радукиќ (МКК Куманово) се на просек од 12.5 скока, додека во оваа група се и двајца играчи на Чаир 2030, Исаја Кели кој има 10.5, и Ваљмир Какруки со просечни 10. скока на првите два натпревари.

Чаирчани го имаат и Диванте Мофит, кој е лидер на листата на најдобри асистенти. Има во просек по седум успешни додавања, нешто повеќе од Грегори Трибл (Шкупи), кој има 6.5, и уште тројца играчи како Девон Грент (Феникс 2010), Бобан Стајиќ (Пелистер) и Тадија Тадиќ (МКК Куманово, со по шест.

Дамјан Робев од Работнички и Карен Вилсон од Кожув се играчите со најголем број на загубени топки, имаат по пет.

А во својот прв меч за Кожув, Вилсон реализираше и четири освоени топки со кои е прв на таа статистичка листа.

Уште еден играч на екипата од Гевгелија, Мајлс Хауард, е водечки, но на листата на блокери. На двете досегашни средби има десет блокади, што прави просек од високи пет по натпревар.  

Двајца играчи од МКК Куманово се водат како некои со најголем број на минути поминати на теренот. И што е уште поизвесно, имаа повеќе од 40.минути по меч. Во својот премиерен настап за екипата од Куманово, Александар Радукиќ собра 42:11 минути, додека Тадија Тадиќ е на просек од 40:30 минути, а „виновник“ за тоа се оние пет дополнителни минути на средбата со Тиквеш Голден Иглс.

Во оној процентуален дел, Хусеин Бајрам од Вардар засега има стонастотен ефект во обидите вреди за еден поен, а го следат двајца репрезентативци од редовите на Работнички, Дамјан Робев, кој има 92.8%, и Стојан Ѓуроски кој е на 90%.

Новакот во редовите на МКК Куманово, Александар Радукиќ имаше одлично деби. Го заокружи и со висок процент на реализација во обидите за два поени, имаше 87.5% на реализација, што е нешто подобро во однос на ефектот на Исаја Кели (Чаир 2030) со 86.6%, односно Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Аеродром) кој има 84.6%.

Во оние за три поени, максимален е ефектот на Лука Стојановски од Пелистер, го следат Диванте Мофит (Чаир 2030) со 83.3%, и Андрија Стевановиќ (Кожув) со 66.6%.

Дарин Говенс од ТФТ севкупно има најдобра реализација во обидите од поле, погодува со 70%. Исаја Кели (Чаир 203) има за нијанса пониски 69.5%, а сличен е и ефектот на Девон Грент (Феникс 2010) со 68.9%.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Андрија Стевановиќ (Кожув)            2          64       32.0

2.Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл)    2          62       31.0

3.Девон Грент (Феникс 2010)   2          60       30.0

4.Тадија Тадиќ (МКК Куманово)         2          50       25.0

5.Александар Радукиќ (МКК Куманово)      1          25       25.0

СКОКОВИ

1.Бенџамин Стивенс (Вардар) 2          25       12.5

2.Александар Радукиќ (МКК Куманово)      2          25       12.5

3.Исаја Кели (Чаир 2030)           2          21       10.5

4.Ваљмир Какруки (Чаир 2030)           2          20       10.0

5.Амар Хот (Работнички)            2          18       9.0

АСИСТЕНЦИИ

1.Диванте Мофит (Чаир 2030) 2          14       7.0

2.Грегори Трибл (Шкупи)           2          13       6.5

3.Девон Грент (Феникс 2010)   2          12       6.0

4.Бобан Стајиќ (Пелистер)         2          12       6.0

5.Тадија Тадиќ (МКК Куманово)         2          12       6.0

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Дамјан Робев (Работнички)   2          10       5.0

2.Карен Вилсон (Кожув) 1          5          5.0

3.Хусеин Бајрам (Вардар)          2          9          4.5

4.Мајкл Грин (Тиквеш Голден Иглс)  2          8          4.0

5.Андреј Шошкиќ (Работнички)          2          8          4.0

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Карен Вилсон (Кожув) 1          4          4.0

2.Хавиер Родес (Гостивар)        2          7          3.5

3.Брајан Антоан (Пелистер)      2          6          3.0

4.Ваљмир Какруки (Чаир 2030)           2          5          2.5

5.Диванте Мофит (Чаир 2030) 2          5          2.5

БЛОКАДИ

1.Мајлс Хауард (Кожув) 2          10       5.0

2.Марко Баковиќ (МЗТ Скопје Аеродорм)  2          4          2.0

3.Исаја Кели (Чаир 2030)           2          3          1.5

4.Ваљмир Какруки (Чаир 2030)           2          3          1.5

5.Закор Арчи (Шкупи)     2          3          1.5

МИНУТИ

1.Александар Радукиќ (МКК Куманово)      1          42:11 42:11

2.Тадија Тадиќ (МКК Куманово)         2          81:0    40:30

3.Стојан Ѓуроски (Работнички)            2          77:49 38:54

4.Дамјан Робев (Работнички)   2          76:53 38:26

5.Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл)    74:59 37:29

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Хусеин Бајрам (Вардар)          2          100%

2.Дамјан Робев (Работнички)   2          92.8%

3.Стојан Ѓуроски (Работнички)            2          90.0%

4.Андрија Стевановиќ (Кожув)            2          85.7%

3.Максим Митевски (Гостивар)           2          85.7%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Александар Радукиќ (МКК Куманово)      1          87.5%

2.Исаја Кели (Чаир 2030)           2          86.6%

3.Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Аеродром)        2          84.6%

4.Девон Грент (Феникс 2010)   2          78.5%

5.Милош Копривица (МЗТ Скопје А) 2          76.9%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Лука Стојановски (Пелистер)            1          100%

2.Диванте Мофит (Чаир 2030) 2          83.3%

3.Андрија Стевановиќ (Кожув)            2          66.6%

4.Ѓорѓи Георгиевски (МКК Куманово)          2          66.6%

5.Дарин Говенс (ТФТ)      2          62.5%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО

1.Дарин Говенс (ТФТ)      1          70.0%

2.Исаја Кели (Чаир 2030)           69.5%

3.Девон Грент (Феникс 2010)   2          68.9%

4.Диванте Мофит (Чаир 2030) 2          66.6%

5.Имран Полутак (Работнички)           2          65.0%