Промена има на првата поентерска позиција, затоа што нешто послабиот ефект кој го имаше на средбата со Кожув, го „симна“ Мајкл Грин на второто место. Нов лидер е Девон Грент од Феникс 2010 со просечни 28.3 поени по натпревар (одигра три).
Грин е сега на просек од 27.поени, зад него е двоецот од Кожув, Андрија Стевановиќ и Фран Пилепиќ кои имаат по 24. поени.
Бенџамин Стивенс од Вардар останува лидер на скокачите, со иста бројка – 12. скока по меч, зад него се Исаја Кели (Чаир 2030) со 10.5 и Мајлс Хауард (Кожув), кој има десет.
Тадија Тадиќ од МКК Куманово останува лидер на додавачите, со просек од 7.5 асистенции по натпревар, пред Диванте Мофит (Чаир 203) со седум.
Имран Полутак (Работнички) губи најмногу топки, во просeк по 3.75 на натпревар, додека Хавиер Родес од Гостивар има најмногу освоени топки, по 3.5 на еден меч.
Играчот на Кожув, Мајл Хауард, засега е најдобриот блокер во лигата, има просечни 3.75 блокади, додека Тадија Тадиќ од МКК Куманово е играчот со најголема минутажа, во просек игра повеќе од 38.минути.
Репрезентативецот од редовите на Работнички, Дамјан Робев е најдобар реализатор од линијата за слободни фрлања, погодува со 94.7% на успешност.
Александар Радукиќ (МКК Куманово) е прв на листата на играчи со највисок процент на реализација во обидите за два поени, има високи 88.8% од таа позиција.
Лука Стојановски (Пелистер) останува најдобар „тројкаш“, затоа што има 72.7% на успех од зад линијата од 6.75 метри, додека Дерин Говенс (ТФТ), збирно гледано, има највисок процент на успешност од дистанца (обиди за два и за три поени, заедно), со 70.2%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Девон Грент (Феникс 2010) 3 85 28.3
2.Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл) 4 108 27.0
3.Андрија Стевановиќ (Кожув) 4 96 24.0
4.Фран Пилепиќ (Кожув) 3 72 24.0
5.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 3 67 22.3
СКОКОВИ
1.Бенџамин Стивенс (Вардар) 4 48 12.0
2.Исаја Кели (Чаир 2030) 4 42 10.5
3.Мајлс Хауард (Кожув) 4 40 10.0
4.Монтавиус Марфи (Феникс 2010) 3 29 9.6
5.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 3 28 9.3
АСИСТЕНЦИИ
1.Тадија Тадиќ (МКК Куманово) 4 30 7.5
2.Диванте Мофит (Чаир 2030) 4 28 7.0
2.Грегори Трибл (Шкупи) 4 27 6.7
4.Карен Вилсон (Кожув) 3 16 5.3
5.Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл) 4 20 5.0
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Имран Полутак (Работнички) 4 15 3.7
2.Хусеин Бајрам (Вардар) 3 11 3.6
3.Дејвид Ролинс (Чаир 2030) 4 14 3.5
4.Дамјан Робев (Работнички) 4 14 3.5
5.Декон Вилијамс (Шкупи) 4 13 3.2
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Хавиер Родес (Гостивар) 4 14 3.5
2.Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл) 4 10 2.5
3.Брајан Антоан (Пелистер) 4 9 2.2
4.Адем Мекиќ (ТФТ) 4 9 2.2
5.Мајлс Хауард (Кожув) 4 9 2.2
БЛОКАДИ
1.Мајлс Хауард (Кожув) 4 15 3.7
2.Десеан Хемптон (Вардар) 4 11 2.7
3.Закор Арчи (Шкупи) 4 6 1.5
4.Џонатан Комагун (Гостивар) 4 6 1.5
5.Страхил Николов (ТФТ) 4 6 1.5
МИНУТИ
1.Тадија Тадиќ (МКК Куманово) 4 152:34 38:08
2.Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл) 4 150:26 37:36
3.Дарко Соколов (Гостивар) 4 149:46 37:26
4.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 3 112:10 37:23
5.Дамјан Робев (Работнички) 4 147:27 36:51
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Дамјан Робев (Работнички) 4 94.7%
2.Стојан Ѓуроски (Работнички) 4 87.5%
3.Девон Грент (Феникс 2010) 3 87.5%
4.Фран Пилепиќ (Кожув) 3 87.5%
5.Максим Митевски (Гостивар) 3 84.2%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 3 88.8%
2.Исаја Кели (Чаир 2030) 4 73.3%
3.Милош Копривица (МЗТ Скопје Аеродром) 4 76.8%
4.Мајкл Едвардс (Пелистер) 4 67.4%
3.Имран Полутак (Работнички) 4 66.6%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Лука Стојановски (Пелистер) 2 72.7%
2.Брендон Слај (МЗТ Скопје Аеродром) 4 62.5%
3.Дарин Говенс (ТФТ) 4 61.1%
4.Дамјан Робев (Работнички) 4 58.3%
5.Хавиер Родес (Гостивар) 4 56.2%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Дарин Говенс (ТФТ) 4 70.2%
2.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 3 68.5%
3.Мајкл Едвардс (Пелистер) 4 65.2%
4.Имран Полутак (Работнички) 4 65.2%
5.Исаја Кели (Чаир 2030) 4 60.0%