04.11.2024

Иако просекот е намален, сепак, сеуште една петорка фигурира на листата на најдобри стрелци, а која има просечни 20. и повеќе поени.

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ - ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 5. КОЛО: МКК Куманово и Гостивар се екипите кои имаат играчи со најголем просек на минути

Ако се земе в предвид дека Девон Грент веќе второ коло по ред не е во тимот на Феникс 2010, тогаш лидер на поентерите останува Мајкл Грин од Тиквеш Голден Игл. Има просек од 26.6 поени, што е нешто подобар резултат во однос на Андрија Стевановиќ (Кожув), со 25.2, односно неговиот тимски соиграч Фран Пилепиќ, кој во моментов е на 22.5.

Без особени промени и на листата на најдобрите скокачи, прв е Бенџамин Стивенс (Вардар) кој има по 11.скока, пред Исаја Кели (Чаир 2030) со 10.2, додека трет сега е Монтавиус Марфи (Феникс 2010), со 9.5.

Тадија Тадиќ (МКК Куманово) и понатаму е прв асистент, сега со просек од 7.8 додвања по меч, додека Диванте Мофит (Чаир 2030) се искачи на втората позиција, со 6.4.

Имран Полутак (Работнички) останува играч со најмногу загубени топки во првите пет кола. Има по 3.4, пред Грин (Тиквеш Голден Игл) и Тадија Тадиќ (МКК Куманово) со по 3.2.

Ксавиер Родес (Гостивар) останува играч со најголем број на освоени топки, има по 3.2 на натпревар. Од друга страна, Мајлс Хауард (Кожув) го зголеми „водството“ во однос на конкуренцијата во семгметот – блокер. Има сосема солидни 3.4 блокади по меч, пред Хемптон (Вардар) со 2.8, односно Декон Вилијамс (Шкупи) со 1.6.

Гостивар и МКК Куманово се екипите кои не менуваат многу во текот на играта, ако се земе в предвид минутажата на некои од нивните играчи.

Засега Тадија Тадиќ од МКК Куманово има најголем просек – 37:45 минути по натпревар, за нијанса помалку има Михајло Митевски (Гостивар) со 37:34, а многу блиску се и неговиот соиграч Дарко Соколов со 37:12, и оној од кумановскиот прволигаш, Александар Радукиќ кој има 37:07 минути.

Во оној процентуален дел, Дамјан Робев (Работнички) останува прв „пеналџија“ со скоро беспрекорни 95.2% на реализација, пред Брајан Антоан (Пелистер) со 95.0% и Стојан Ѓуроски (Работнички) со 90.9%.

Во обидите за два поени, прво име засега е Александар Радукиќ (МКК Куманово) со точно 80%, а зад него сега е Стефан Гллигоријевиќ, од  редовите на Тиквеш Голден Игл, со 76%.

Промена има на листата на најдобрите шутери за три поени. Прв е Брендон Слај (МЗТ Скопје Аеродром) со 61.9%, пред Дерин Говенс (ТФТ) со 56.5% и Лука Стојановски (Пелистер) со 55.5%.

Севкупно, Дерин Говенс (ТФТ) комбинирано има најдобри проценти во шутот од поле, 64.4%, пред Имран Полутак (Работнички) со 62.9% и Александар Радукиќ (МКК Куманово) кој е на 62.7%.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Девон Грент (Феникс 2010)   3          85       28.3

2.Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл)    5          133     26.6

3.Андрија Стевановиќ (Кожув)            5          126     25.2

4.Фран Пилепиќ (Кожув)           4          90       22.5

5.Диванте Мофит (Чаир 2030) 5          112     22.4

СКОКОВИ

1.Бенџамин Стивенс (Вардар) 5          55       11.0

2.Исаја Кели (Чаир 2030)           5          51       10.2

3.Монтавиус Марфи (Феникс 2010)  4          38       9.5

4.Мајлс Хауард (Кожув) 5          47       9.4

5.Мајкл Едвардс (Пелистер)     5          45       9.0

АСИСТЕНЦИИ

1.Тадија Тадиќ (МКК Куманово)         5          39       7.8

2.Диванте Мофит (Чаир 2030) 5          32       6.4

3.Грегори Трибл (Шкупи)           5          31       6.2

4.Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл)    5          28       5.6

5.Дарин Говенс (ТФТ)      5          28       5.6

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Имран Полутак (Работнички)           5          17       3.4

2.Мајкл Грин (Тиквеш)    5          16       3.3

3.Тадија Тадиќ (МКК Куманово)         5          16       3.2

4.Илија Колев (Кожув)    5          15       3.0     

5.Хусеин Бајрам (Вардар)          4          12       3.0

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Хавиер Родес (Гостивар)        5          16       3.2

2.Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл)    5          11       2.2

3.Брајан Антоан (Пелистер)      5          11       2.2

4.Борјан Стојановски (Шкупи) 5          11       2.2

5.Адем Мекиќ (ТФТ)        5          10       2.0

БЛОКАДИ

1.Мајлс Хауард (Кожув) 5          17       3.4

2.Десеан Хемптон (Вардар)      5          14       2.8

3.Декон Вилијамс (Шкупи)        5          8          1.6

4.Страхил Николов (ТФТ)           4          6          1.5

5.Имран Полутак (Работнички)           5          7          1.4

МИНУТИ

1.Тадија Тадиќ (МКК Куманово)         5          188:48           37:45

2.Максим Митевски (Гостивар)           4          150:19           37:34

3.Дарко Соколов (Гостивар)     5          186:10           37:12

4.Александар Радукиќ (МКК Куманово)      4          148:30           37:07

5.Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл)    5          184:39           36:55

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Дамјан Робев (Работнички)   5          95.2%

2.Брајан Антоан (Пелистер)      5          95.0%

3.Стојан Ѓуроски (Работнички)            5          90.1%

4.Фран Пилепиќ (Кожув)           4          90.0%

5.Девон Грент (Феникс 2010)   3          87.5%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Александар Радукиќ (МКК Куманово)      4          80.0%

2.Стефан Глигоријевиќ (Тиквеш Голдне Игл)         4          76.0%

3.Девон Грент (Феникс 2010)   3          87.5%

4.Исаја Кели (Чаир 2030)           5          66.6%

5.Монтавиус Марфи (Феникс 2010)  4          65.3%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Брендон Слај (МЗТ Скопје Аеродром)      5          61.9%

2.Дарин Говенс (ТФТ)      5          56.5%

3.Лука Стојановски (Пелистер)            4          55.5%

4.Карен Вилсон (Кожув) 4          55.0%

5.Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром) 5          53.3%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО

1.Дарин Говенс (ТФТ)      5          64.4%

2.Имран Полутак (Работнички)           5          62.9%

3.Александар Радукиќ (МКК Куманово)      4          62.7%

4.Мајкл Едвардс (Пелистер)     5          61.0%

5.Диванте (Чаир 2030)    5          59.2%