Со оглед на „отсуството“ на играчи како Мајкл Грин, односно Бенџамин Стивенс во активните ростери на Тиквеш Голден Игл, односно Вардар, може да констатираат и некои промени во оние водечки индивидуални категории.
Одличниот настап на средбата со Работнички го „донесе“ на третото место на листата на најдобри стрелци во шампионатот. Има просечни 20.5 поени, а пред него во овој момент е двоецот од Кожув Андрија Стевановиќ (23.2) – Фран Пилепиќ (21.2 поени).
Со оние 15. скока против Работнички, Урош Луковиќ ја презема лидерската позиција на листата на најдобри скокачи. На осум мечеви собра 92 скока, што чини просек од 11.5 скока.
Уште еден играч од МКК Куманово е на лидерско место, она кај асистентите. Тадија Тадиќ го задржа својот просек на успешни додавања, во овој момент има просечни 6.5, пред Мофит (Чаир 2030) со 6.2.
Радукиќ е прв на уште една листа, онаа на играчи со најголем број на загубени топки, по 3.2 во просек. Но и на онаа на играчи со најголем број на одиграни минути. Во просек игра по 37:50 минути на еден натпревар, нешто помалку од него во МКК Куманово игра и Антавиа Волер, во просек по 36.27 минути.
Има и најдобра реализација во обидите вредни по два поени. Погодува со 73.8% на успешност од оваа позиција, но и севкупно, во шутот од дистанца, има 60.9%.
Максим Митевски (Гостивар) засега е најдобар реализатор од линијата за слободни фрлања, од која погодува со 82.3% на успех. Од онаа која вреди по три поени, најдобар е Брендон Слај од МЗТ Скопје Аеродром кој е на високи 57.4%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.*Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл) 7 176 25.1
2.Андрија Стевановиќ (Кожув) 9 209 23.2
3.Фран Пилепиќ (Кожув) 8 170 21.2
4.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 8 164 20.5
5.Исаја Кели (Чаир 2030) 9 175 19.4
СКОКОВИ
1.*Бенџамин Стивенс (Вардар) 6 70 11.6
2.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 8 92 11.5
3.Исаја Кели (Чаир 2030) 9 91 10.1
4.Декон Вилијамс (Шкупи) 9 90 10.0
5.Мајлс Хауард (Кожув) 8 81 10.3
АСИСТЕНЦИИ
1.Тадија Тадиќ (МКК Куманово) 9 59 6.5
2.Диванте Мофит (Чаир 2030) 9 56 6.2
3.Дарин Говенс (ТФТ) 9 51 5.6
4.Марјан Младеновиќ (Тиквеш Голден Игл) 8 45 5.6
5.Бобан Стајиќ (Пелистер) 9 49 5.4
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.*Мајкл Грин (Тиквеш) 7 24 3.4
2.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 8 26 3.2
3.Хусеин Бајрам (Вардар) 8 24 3.0
4.Имран Полутак (Работнички) 9 26 2.8
5.Декон Вилијамс (Шкупи) 9 26 2.8
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Ксавиер Родес (Гостивар) 9 25 2.7
2.*Мајкл Грин (Тиквеш Голден Игл) 7 14 2.0
3.*Адем Мекиќ (ТФТ) 5 10 2.0
4.Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А.) 5 10 2.0
5.Адетукаси Тимоти (Феникс 2010) 5 9 1.8
БЛОКАДИ
1.Мајлс Хауард (Кожув) 9 24 2.6
2.Десеан Хемптон (Гостивар) 8 17 2.1
3.Декон Вилијамс (Шкупи) 9 15 1.6
4.Џонатан Камагум (Гостивар) 9 14 1.5
5.Страхил Николов (ТФТ) 9 12 1.3
МИНУТИ
1.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 8 302:42 37:50
2.Максим Митевски (Гостивар) 8 302:34 37:49
3.Ксавиер Родес (Гостивар) 9 333:37 37:04
4.Дарко Соколов (Гостивар) 9 328:12 36:28
5.Антабиа Волер (МКК Куманово) 9 328:05 36:27
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Максим Митевски (Гостивар) 8 82.3%
2.Андрија Стевановиќ (Кожув) 9 81.4%
3.Стојан Ѓуроски (Работнички) 8 81.5%
4.Дарко Соколов (Гостивар) 9 75.0%
5.Андрија Бојиќ (Пелистер) 5 75.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 8 73.8%
2.Милош Копривица (МЗТ Скопје А.) 9 71.1%
3.Стефан Глигоријевиќ (Тиквеш Голден Игл) 8 67.2%
4.Тејвион Кирк (Чаир 2030) 9 62.8%
5.Исаја Кели (Чаир 2030) 9 62.8%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Брендон Слај (МЗТ Скопје Аеродром) 9 57.1%
2.Дарин Говенс (ТФТ) 9 50.0%
3.Карен Вилсон (Кожув) 8 47.2%
4.Дејвид Ролинс (Чаир 2030) 9 46.4%
5.Стојан Ѓуроски (Работнички) 8 41.2%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 8 60.9%
2.Дарин Говенс (ТФТ) 9 60.6%
3.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 8 60.5%
4.Тејвион Кирк (Чаир 2030) 9 57.6%
5.Андрија Бојиќ (Пелистер) 5 57.4%
* неактивни играчи