Двајцата соиграчи од Кожув си ги сменија местата, па сега како лидер во оваа статистичка категорија е Фран Пилепиќ. Хрватскиот интернационалец е на просечни 21.7 поени по натпревар, нијанса пред Стевановиќ, кој има 21.6, додека Александар Радукиќ од МКК Куманово е третиот кој е со просек поголем од 20.поени, поточно 21.1.
Уште еден „кумановец“ е на врвот на листата на најдобрите скокачи. Станува збор за Урош Луковиќ, кој со оние и 15. скока на дуелот со Чаир, ја презема првата позиција, има просек од 11.6 скока на деветте одиграни мечеви. Просек повисок од десет скока имаат уште и Декон Вилијамс (Шкупи) 10.7 односно Мајлс Хауард (Кожув) кој е на 10.5.
МКК Куманово има и играч кој важи како некој со најголем број на загубени топки, Александар Радукиќ има по 3.33 загубени топки по натпревар, нешто повеќе од Декон Вилијамс (Шкупи) кој губи по три.
Радукиќ е играч со најголема „минутажа“ во овој момент во лигата. Во просек игра по 37:55 минути. А не заостануваат ниту неговите соиграчи како Тадија Тадиќ со 36.4 минути, односно Антабиа Волер кој има нешто пониски 36.3.
Играчот на Гостивар, Ксавиер Родес има најмногу освоени топки, по 2.8 на меч, пред Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром), кој се проби на второто место со по две. А Мајлс Хауард од Кожув останува најдобар блокер, но сега со повисоки 2.6 блокади по натпревар.
Во оној дел во кој ефектот се мери во проценти, Максим Митевски (Гостивар) е најдобар реализатор од линијата за слободни фрлања. Реализира со 84.2% на успешност, пред Андрија Стевановиќ (Кожув) со 81.6% и Стојан Ѓуроски (Работнички) кој е на 81.2%.
Милош Копривица (МЗТ Скопје Аеродорм) се искачи на првото место на реализатори за два поени, затоа што сега има 72.1% на успех, подобар од ефектот на Александар Радукиќ (МКК Куманово) кој има 71.6%.
По заминувањето на Брендон Слај од редовите на МЗТ Скопје Аеродром сега, најдобар во обидите вредни по три поени е Дерин Говенс со точно 50%. Играчот на ТФТ има и најдобра реализација од дистанца, затоа што комбинирано (за два и за три поени), погодува со 61.3%, нешто подобро во однос на Урош Луковиќ (МКК Куманово) со 60.4%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Фран Пилепиќ (Кожув) 9 196 21.7
2.Андрија Стевановиќ (Кожув) 10 216 21.6
3.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 9 190 21.1
4.Диванте Мофит (Чаир 2030) 10 199 19.9
5.Исаја Кели (Чаир 2030) 10 191 19.1
СКОКОВИ
1.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 9 105 11.6
2.Декон Вилијамс (Шкупи) 10 107 10.7
3.Мајлс Хауард (Кожув) 10 105 10.5
4.Исаја Кели (Чаир 2030) 10 97 9.7
5.Монтавиус Марфи (Феникс 2010) 9 80 8.8
АСИСТЕНЦИИ
1.Тадија Тадиќ (МКК Куманово) 10 64 6.4
2.Диванте Мофит (Чаир 2030) 10 61 6.1
3.Дарин Говенс (ТФТ) 10 59 5.9
4.Марјан Младеновиќ (Тиквеш Голден Игл) 9 52 5.7
5.Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А.) 6 33 5.5
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 9 30 3.3
2.Декон Вилијамс (Шкупи) 10 30 3.0
3.Дарин Говенс (ТФТ) 10 29 2.9
4.Хусеин Бајрам (Вардар) 9 26 2.8
5.Адетукаси Тимоти (Феникс 2010) 6 17 2.8
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Ксавиер Родес (Гостивар) 10 28 2.8
2.Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А.) 6 12 2.0
3.Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје А.) 10 17 1.7
4.Декон Вилијамс (Шкупи) 10 17 1.7
5.Андрија Стевановиќ (Кожув) 10 17 1.7
БЛОКАДИ
1.Мајлс Хауард (Кожув) 10 26 2.6
2.Десеан Хемптон (Гостивар) 9 21 2.3
3.Декон Вилијамс (Шкупи) 10 15 1.5
4.Џонатан Комагум (Гостивар) 10 15 1.5
5.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 9 12 1.3
МИНУТИ
1.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 9 341:22 37:55
2.Максим Митевски (Гостивар) 9 333:09 37:01
3.Ксавиер Родес (Гостивар) 10 369:59 36:59
4.Тадија Тадиќ (МКК Куманово) 10 366:51 36:51
5.Антабиа Волер (МКК Куманово) 10 365:12 36:31
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Максим Митевски (Гостивар) 9 84.2%
2.Андрија Стевановиќ (Кожув) 10 81.6%
3.Стојан Ѓуроски (Работнички) 8 81.5%
4.Андреј Митревски (Фенокс 2010) 10 75.0%
5.Дарко Соколов (Гостивар) 10 74.4%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Милош Копривица (МЗТ Скопје А.) 10 72.1%
2.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 9 71.6%
3.Стефан Глигоријевиќ (Тиквеш Голден Игл) 9 66.7%
4.Исаја Кели (Чаир 2030) 10 63.6%
5.Тејвион Кирк (Чаир 2030) 10 62.1%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Дарин Говенс (ТФТ) 10 50.0%
2.Џексон Дубински (Работнички) 7 46.3%
3.Карен Вилсон (Кожув) 9 44.1%
4.Дејвид Ролинс (Чаир 2030) 10 44.0%
5.Стојан Ѓуроски (Работнички) 8 41.2%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Дарин Говенс (ТФТ) 10 61.3%
2.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 9 60.4%
3.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 9 59.3%
4.Имран Полутак (Работнички) 10 56.9%
5.Тејвион Кирк (Чаир 2030) 10 56.7%