Добар дел од обврските во дуелот со Тиквеш Голден Игл, домаќините завршија уште во првите 20.минути, во кои обезбедија исто толкава предност, која рутинерски ја оддржуваа и стигнаа до нова победа, за нив седма во осум одиграни кола.
ЧАИР 2030 – ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ 79:70
Стандарно, би се рекло, добро прво полувреме имаше домашната екипа во дуелот со не баш мотивираниот тим од Кавадарци.
Одлично, во првото полувреме, особено во фазата на нападот, функционираше „трилингот“ Ролинс-Кирк,Кели, кои дадоа 36 од вкупните 45 поени за екипата од Чаир, која стигна и до плус од 20.поени (45:25).
Во второто, домашната екипа успеваше да ја одржи таа висока предност. Се што гостите направија на овој меч во тоа второ полувреме беа обидите во последната четвртина во која таа негатива ја преполовија. Стигнаа до -10 (62:72), кога останаа да се играта нешто повеќе од три минути.
Но не и да направат нешто повеќе од тоа.
Освен странската тројка, во вториот дел, двоен број на поени за Чаир 2030 реализираше и Какруки, дојде потенцијалниот репрезентативец до 12.поени (плус и седум скока и четири асистенции).
Од стартните пет, Мофит имаше само пет пени, но затоа надополни со 11. успешни додавања.
Во кавадаречкиот тим, каде веќе го нема нивниот прв стрелец, Грин, прво поентерско име беше Квери, стрелец на 24.поени, на кои придодаде и 14.скока, Новакот Пантелиќ даде 23, а младиот Златев дојде до 11.поени.
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 8.КОЛО
Чаир 2030 – Тиквеш Голден Игл 79:70
Работнички – Пелистер (во тек)
Шкупи – МКК Куманово 57:83
Феникс 2010 – Гостивар 74:66
Вардар – ТФТ 79:80
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 69:63
ТАБЕЛА: Чаир 2030 15, ТФТ 15, МЗТ Скопје Аеродром 14, Пелистер 13, Работнички 13, Кожув 12, Гостивар 10, МКК Куманово 12, Шкупи 11, Феникс 2010 10, Тиквеш Голден Игл 10, Вардар 8;
ИДНО КОЛО (07.12)
Тиквеш Голден Игл – Вардар
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром
Пелистер – Чаир 2030
Гостивар – Шкупи
МКК Куманово – Работнички
Кожув – Феникс 2010