19.10.2024

Дербито број 166 помеѓу вечните ривали, Работнички и МЗТ Скопје, протекна во доминација на шампионот (70:56)

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ: Една четвртина му беше доволна на МЗТ Скопје да го потврди својот квалитет и да го победи вечниот противник

Новата вечна приказна не донесе некои нови моменти во раапоредот на силите меѓу вечните ривали во мак-баскетот. МЗТ Скопје стигна до уште една победа, до која дојдоа релативно лесно, со голема предност направена уште во првиот период од играта.

Во оние други три четвртини, фаворитот успешно го оработи својот дел од обврските во дербито на третиот круг од натпреварите од првата „МТЕЛ“ лига

РАБОТНИЧКИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 56:70

Практично од првата минута беше јасно дека МЗТ Скопје е голем фаворит во новата вечна приказна, односно пресметката со Работнички.

Рамноправно се играше во првите неколку минути, поточно, до резултат (6:6), по што во рок од шест минути гостите од Аеродром направија серија од (22-0) со која стигнаа до големи (26:6) за првата четвртина да биде затворена со сличен резултат (28:8).

На почетокот на вториот период, при резултат (30:13), дербито беше прекинато (уфрлени голем број на пиротехнички средства и други, тврди и меки предмети, на теренот), и по една пауза, повеќе од еден час, беше продолжено, но без присуство на двете навивачки групи.   

Тоа донесе и, извесно, намалување на темпото наа играта, на двете страни, па оние гледачи што останаа во СРЦ „Кале“ видоа минути на изедначена игра до полувремето.

Задоволни од високото водство„, сино-белите“ го затворија првото полувреме со тој „стандарден плус“ од 20.поени (48:28).

Домаќините сакаа, но евидентно и објективно, пред себе имаа поквалитетен и поброен ростер каков во овој момент има МЗТ Скопје во однос на оној со кој раководи Горан Самарџиев.

Новата пауза, сега онаа редовната, не смени ништо.

МЗТ Скопје успешно го одржуваше големиот „вишок“, стекнат таму некаде на крајот на првата четвртина.  

Копривица го заврши дербито со 15.поени, Д. Стојановски допиша 11, а Баковиќ уште 10 во победничката екипа. А во онаа поразената, до 12.поени дојде Ѓуроски, Полутак имаше 11, исто толку и Робев, додека младиот репрезентативец, Шошкиќ даде уште десет.

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 56:70

Тиквеш Голден Игл – Гостивар            80:75

Вардар – Феникс 2010    72:77

ТФТ – Кожув           79:77

Чаир 2030 – Шкупи   (во тек)

20. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

19.00: Пелистер – МКК Куманово

Сала „Боро Чурлевски“ - Битола

ТАБЕЛА: Чаир 2030 6, ТФТ 6, МЗТ Скопје Аеродром 5, Работнички 5, Пелистер 4 (-1), Гостивар 4, Кожув 4, Тиквеш Голден Игл 4, Феникс 2010 4, МКК Куманово 3 (-1), Вардар 3, Шкупи 3;