13.10.2024

Во последните два натпревари од 2, коло, Чаир 2030 имаше силно второ полувреме, гевгеличани сигурни против новиот состав на Вардар

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ: Едно полувреме доволно за Чаир 2030 да го „смири“ Феникс 2010, рутинска победа за Кожув против Вардар

Со победите на Чаир 2030 на гостувањето кај Феникс 2010 и онаа на Кожув против Вардар, затворено е второто коло од Првата „Мтел“ лига.

ФЕНИКС 2010 – ЧАИР 2030       73:93

По релатибно израмнетата игра во првиот период во кој гостите имаа минимлна предност од (20:19), на почетокот на вториот, чаирчани стигнаа до највисоката предност. Во 12 минута поведоа со (27:19), што подоцна ќе се покаже и како највисокото водство кое Чаир 2030 го имаше во првото полувреме. Оној период кој заврши со прифатливи (40:38) за екипата која беше во постојано заостанување, Феникс 2010, која го имаше расположениот Девон Грент, стрелец на половина од поените на домашниот тим – 18.

А на другата страна, сосема различно распределен број на поени. Комплетната стартна петорка на Чаир 2030 имаше најмалку пет реализации, а најмногу, 11, стигнаа од Кели.

Во второто полувреме комплетна доминација на гостинската екипа која по три четвртини веќе водеше со (66:58), за потврда на вториот триумф чаирчани да обезбедат во онаа последната, кога и дефинитивно го скршија отпорот на новиот тим на Феникс 2010.  

Гостите имаа дури четворица играчи од стратната петорка со десет или повеќе реализирани поени.

Кирк дојде до 21.поен, Ролинс имаше еден помалку, додека Мофит и Кели го завршија овој натпревар со по 19. реализации.

Во екипата на Феникс 2010, Грент беш запрен на 23.поени (и осум скока, односно шест асистенции), додека искусниот Димчевски даде 11, плус четири скока.

КОЖУВ – ВАРДАР  87:75

Одличен почеток на натпреварот имаа кошаркарите на Кожув против гостите од Скопје, Уште во првите десет минути, екипата од Гевгелија се стекна со двоцифрена позитива (27:15), која ја креираа Стевановиќ и Пилепиќ, кој во меѓувреме се стекна со право за настап за екипата од Гевгелија,

Во продолжението од тоа прво полувреме, Вардар се покажа како доста рамноправна екипа. Дури „вардарци“ и го добија тој период од натпреварот со (21:17), доволно за да ја сведат негативата на едноцифрена, (36:44).

Полувреме во кое Стевановиќ, освен 18 реализации, покажа дека е вистинско засилување за Кожув, а во тој стил своите први минути во „црвено-белиот“ дрес, нецели 18, ги одигра Пилепиќ, стрелец на 11. поени во тој дел од играта.

На другата страна од теренот парираше двоецот Хемптон-Рос, кој искомбинира 28. од тие 36.поени за Вардар во првиот дел од играта.

Израмнето се играше и во второто полувреме во кое домашната екипа успеа да го оддржи тоа водство кое го стекна во првата доволно за да се прослави првиот триумф во новата натпреварувачкка сезона.

Стеванов запре на скор од 25.поени, плус по шест скока и исто толку асистенции. Пилепиќ имаше 23. поени на својот премиерен меч за Кожув, а двоен број на поени во домашниот состав имаа и Хауард, кој освен 17.поени додаде и 12. скока, и Колев, кој го заврши овој натпревар со десет поени.

Кај Вардар, Хемптон даде 27.поени (и девет скока), Бајрам го следеше со 15. реализации, додека Рос имаше 12. поени.

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 2.КОЛО

Феникс 2010 – Чаир 2030          73:93

Кожув – Вардар     87:75

Шкупи – Работнички       57:65

Гостивар – ТФТ      60:61

МКК Куманово – Тиквеш Голден Игл            93:89

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром     68:67

ТАБЕЛА: Чаир 2030 4, Работнички 4, Пелистер 4, ТФТ 4, МЗТ Скопје Аеродром 3, Гостивар 3, МКК Куманово 3, Кожув 3, Тиквеш Голден Игл 2, Вардар 2, Феникс 2010 2, Шкупи 2;

ИДНО КОЛО (20/21.ОКТОМВРИ)

Тиквеш Голден Игл – Гостивар

Вардар – Феникс 2010

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром

ТФТ – Кожув

Пелистер – МКК Куманово

Чаир 2030 - Шкупи