Прва победа за кошаркарите на Феникс 2010 во новата сезона од „Мтел“ Првата лига.
Беа за малку подобри од екипата на Вардар, имаа подобар финиш, и заслужено, избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ го однесоа целиот плен на гостувањето „Под Кале“
ВАРДАР – ФЕНИКС 2010 72:77
Доста изедначено се играше во текот на целито натпревар, со забелешка дека сепак, Вардар беше екипата која имаше некое стандардно водство. Како на истекот на првата четвртина (23:18).
Но тоа не беше никаква сигурност за конечен успех што се покажаи како тошни во продолжението на играта. До полувремето гостите стигнаа до егал скор (42:42).
Скоро ништо, генерлано земено, не се промени ниту по оние 15.минути предвидени за одмор.
Но со таа разлика шпт Феникс 2010 беше екипата која ја имаше прендоста, но секако, не и некоја која се граничи со двоцифрена. Имаше гостинскиот тим во неколку наврати и предност од седум поени, во 28.минута беше (57:50) за тој трет период финишира со прифатлив минус за „вардарци“, (55:57).
Последниот дел протекна во вистинска „потера“ на Вардар за да го стигне (и престигнат) тоа водство на противникот. Но се покажа како недоволно за такво нешто, па Феникс 2010 му се израдува на првиот успех во новата сезона.
До него ги водеше одличниот Грент кој освен 25.поени, имапе и 9.скока и 3.асистенции. Митревски најави уште подобра форма, даде 17.поени, плус по три скока и додавања, а двоен број на поени, 11 имаше и најискуснито во тимот – Димчевски.
И Вардар имаше четворица „двоцифрени“ кошаркари. По 18. поени реализираа Рос и Хемптон, 13 имаше Стивен, а 11 дојдоа од младиот репрезентативец, Наков.
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО
ТФТ – Кожув 79:77
Вардар – Феникс 2010 72:77
Тиквеш Голден Игл – Гостивар (во тек)
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (во тек)
19.00: Чаир 2030 – Шкупи
Сала „Шабан Трстена“ - Скопје
20. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
19.00: Пелистер – МКК Куманово
Сала „Боро Чурлевски“ - Битола