26.10.2024

Во целост надигран, досега непоразениот тим на Пелистер (77:66)

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ: Голема победа за Гостивар

Слави Гостивар, голема, огромна победа пред своите верни навивачи во салата „Младост“, совладан е битолски Пеистер, и тоа убедливо..

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР               77:66

Одлично прво полувреме, подобро кажано, втора четвртина имаа кошаркарите на Гостивар во дуелот со фаворизираните гости од Битола. Иако водеа и по десет минути од играта (23:20), гостиварци немаа намера да запрат, напротив, како одминуваа минутите, така растеше и нивното водствио кое до полувремето беше и повеќе од солидно (42:33).

Митевски и Родес го туркаа својот тим во нападот. Искомбинираа високи 27.поени во тој прв дел од играта, во кој на другата страна од теренот, во преден офанзивен план беше Едвардс, стрелец на 12.поени.  

Ниту по големиот одмор гостиварци немаа намера да запрат. Одлично го отворија и тој дел од играта домашните кошаркари. Практично го затворија својот кош,на противникот му даддоа да реализира само шест поени за нецели осум минути.

На другата страна Гостивар реализираше 15, за огромна предност (58:39), во 28.минута од мечот во салата „Младост“. Но во оние две до истекот на тој дел, “пелистерци“ најавија враќање, со серија (9-3), прво намалија на (48:61). А на почетокот на последната четвртина, негативата ја сведоа и на едноцифрена (52:61).

Но тоа беше се од „зелено-белите“ на гостувањето во Гостивар. Домашната екипа го одби тој последне налет на битолчани, успеа во обидите да ја задржи двоцифрената предност која е претворена во голема победа, за нив втора во четири одиграни кола.  

Митевски заврчи со 21.поен (и осум скока), Родес имаше 19 (плус осум скока и пет додавања), а најискусните во тимот, Соколов и Зивчевиќ имаа свој придонес. Соколов додаде 17.поени (плус пет скока и две асистенции), додека Зивчевиќ застана на бројката од 11.реализации.

Во гостинската екипа, најдобар Едвардс, стрелец на 26.поени, дополнети со 13. скока, додека двоен број на поени имаше само уште Мишковиќ, постигна 16, но и тој беше со двоен ефект затоа што придодаде и 11. скока.

На крајот, премалку да се слави на никогаш лесното гостување во Гостивар.