10.11.2024

МЗТ Скопје „преживеа“ трилер во СЦ „Јане Сандански“, се одбрани од нападите на гостиварци, во пет дополнителни минути, конечни (96:90)

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ: Гостивар испрати сериозни закани, дојде до продолжение, но не го победи шампионот

Тешко дојдоа до уште една првенствена победа кошаркарите на МЗТ Скопје. Во Аерордром имаа добитна комбинација, но упорните гостиварци, не сакаа да се предадат, дојдоа до нерешен скор во регуларниот дел. Но одличната стартна петорка на тренерот Љупчо Малинков немаше сили за комплетно изненадување.

Победата остана за првакот, кој потврди уште еднаш дека е далеку од некоја идеална форма.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ГОСТИВАР           96:90

Сигурен почеток имаше фаворитската екипа во овој натпревар. Уште во раната фаза, МЗТ Скопје обезбеди солидна позитива. На истекот на десет минути изнесуваше девет поени (19:10).

Благодарение на расположениот Митевски (даде десет поени), во првиот дел од втората четвртина, екипата на Гостивар симна дел од таа негатива, дојде на минус од пет поени, (21:26).

Сличен беше резултатот, (30:25), и некоја минута подоцна. Проблем за гостиварци беше податокот кој вели дека немаа никаква поентерска поддршка од клупата, за разлика од домашната екипа, во која, 12. од тие 30.поени беше на, условно кажано, „резервистите“. Но тоа не му посмета на Митевски (веќе имаше 15.реализации) да ја сведе негативата на само „еден посед“ (30:32), кога се играше 19.минута.

Но петте поени кои дојдоа од Копривица и Д. Стојановски, го оставија домашниот тим во солидно водство на полувремето (37:32).

Одново беше двоцифрено (50:40), по 26.минути од играта, оние во кои „металците“ притиснаа малку во одбраната, и во тој трет дел од мечот му дадоа до знаење на противникот дека тешко ќе дојде од изненадување во СЦ „ЈАне Сандански“.

А Копривица беше првиот играч во домашниот состав кој стигна до двоцифрен број на поени.

Уште еднаш гостите од Гостивар успеаја таа негатива да ја преполоват, и на почетокот на четврттата четвртина да се доближат на и тоа како достижни, (57:61). Но браќата Стојановски го одбија овој напад на гостинската екипа, ја вратија позитивата на двоцифрена (68:57).

Гостиварци беа во уште подобра ситуација во последните две минути во кои имаа -2 (79:81) и напад. Но згреши Митевски, но поправи Грушановиќ, за уште пониски (82:83), но и само седум секунди до крајот.

А во нив вистинска драма во СЦ „Јане Сандански“. Прво Баковиќ беше мирен“ ги реализираше двете сллободни фрлања, за (85:82). Но Родес го шокираше памоионит со тројка, практишно со звукот на сирената, за нерешени (85:85), и продолжение  од пет минути.

Во екстра-периодот, МЗТ Скопје се покажа како екипа која знае да игра неизвесни завршници. Иако Гостивар тргна со тројката на Митевски, на „одговор“ дојде од Слај, двојно поголем (две тројки), за промена на водството, (91:88). Впрочем, Слај не знаеше да погреши во тие моменти на одлука, макар и преку линијата за слободни фрлања, зголеми и на (94:89). Победата, тешка, ја потврди Копривица, кој на крајот застана на ефект од 22.поени, имаше и девет скока, Слај дојде до 20, В. Стојановски дополни со 12 (и по шест скока и исто толку асистенции), а Баковиќ заврши со 11.

А на другата страна, четири двоцифрени стартери на Гостивар. Ги предводеше Митевски со 27.поени, (по три скока и три асистенции), Родес додаде 24 (по четири скока и асистенции), Грушановиќ имаше 21, а Соколов уште 12.поени.

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6.КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      96:90

Чаир 2030 – Вардар         104:80

Кожув – МКК Куманово  82:74

Шкупи – Тиквеш Голден Игл    85:82

Пелистер - Феникс 2010 110:93

11. НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: Работнички – ТФТ (МРТ3)

Сала СРЦ „Кале “ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NiCr9c0dEbo?si=LLu5eDyolBi6Xbjk

ТАБЕЛА: Чаир 2030 11, Пелистер 11, МЗТ Скопје Аеродром 10, ТФТ 10 (-1), Работнички 9 (-1), Кожув 9, Гостивар 8, Тиквеш Голден Игл 8, МКК Куманово 8,, Шкупи 8, Феникс 2010 7, Вардар 6;