Вардар и Гостивар ја отворија неделната програма од првото првенствени коло од новата сезона во првата „Мтел“ лига. А во игра во која ниту една од двете екипи не успеа резултатски да се „одлепи“ на крајот победата им припадна на кошаркарите на Гостивар.
ВАРДАР – ГОСТИВАР 70:76
Вардар и Гостивар одиграа релативно израмнет натпревар во кој гостиварци го имаа водството во поголем дел од играта, но ниту во еден момент не успеаа да се одвојат онака, резултатски.
Ја добија првата четвртина со солидни (21:14), но „вардарци“ возвратија во втората, и до полувремето анулираа поголем дел од истата (39:42).
Изедначена беше играта и во продолжението од натпреварот, во кој ниту еден од двата противници не успеа резултатски да се одвои.
Гостиварци ги реализираа првите два напади во последниот период, што им беше доволно да поведат со (63:57). Таа позитива гостиварци ја имаа и на средина од периодот на одлука, (67:61).
По двете слободни фрлања кои ги реализираше Соколов, на неполни две минути пред крајот, Гостивар се одвои на (72:65).
Митевски ги предводеше гостите од Гостивар во онаа статистичка категорија на поени. Екс репрезентативецот реализираше 20.поени (плус четири асистенции и три скока), а двоен број на поени постигнаа уште тројца стартерит во тимот кој го предводи Љупчо Малинков.
Грушановиќ дополни со 16, ветеранот Соколов даде 15. поени (и пет скока, односно три асистенции,, а Родес уште 12...
Кај Вардар, Рос постигна 17. поени (и пет асистенциии и четири скока), Наков дојде до 15. поени (и девет скока), Хемптон додаде 10 (и шест скока), Стивенс имаше осум (и десет скока), додека Бајрам натпреварот го заврши натпреварот со седум поени.
Вечерва се играат преостанатите два натпревари од премиерната рунда. Од18. часот, во кавадаречки „Јасмин“ ќе се сретнат екипите на Тиквеш Голден Игл и Пелистер. Еден час подоцна, во Чаир, екипата на Чаир 2030 го дочекува гевгелиски Кожув.