17.11.2024

Екипата од Гевгелија се одбрани од нападите на гостиварци и дојде до минимален, но многу важен триумф (68:66)

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ: Кожув го преживеа „пеколот“ во Гостивар

Драмата со среќен крај за Кожув, вака некако може да се опишат последните секунди од сребата во слаата „Младост' во Гостивар. Минути кои беа исполнети со многу резултатски успони и падови, на двете страни, за на крајот, гостите од Гевгелија да се одбранат и од последните напади на домашната екипа и да слават многу важна победа.  

ГОСТИВАР – КОЖУВ         66:68

Гостите од Гевгелија беа беа подобри во најголем дел од првото полувреме. Уште во воведниот период се стекнаа со солидно водство, кое на истекот на 10.минута беше осум поени (26:18).

Кожув играше добро и во вториот период, во кој за шест минути направи и двоцифрена предност (40:29).

Најдобрите минути на Гостивар беа последните четири. Оние во кои домашната екипа реализираше серија од (10-2), со која се врати во натпреварот.

На полувреме имаа прифатливи (39:42), период од играта во кој двоецот Родес-Соколов искомбинира 21.поен, повеќе од половината на гостиварскиот прволигаш.

Слично беше и на спротивната страна, каде во преден, поентерски план, беше Стевановиќ, кој реализираше 17.поени, следен од Пилепиќ, кој постигна 11. Интересно, сите 42.поени за Кожув беа дел на стартната петорка, без ниту еден поен од оние условно кажано, резервни кошаркари.

Продолжението не беше ништо поразлично. Второто полувреме беше исполнето со големи пресврти и во играта и во резултатот.

Кулминираше средбата во салата „Младост“ со вистинска драматика, креирана од двете екипи.

Пред се со серија на грешки...

Имаа гостите од Гевгелија, се чини добитна комбинација откако на 19. секунди пред крајот, водеа (68:66), и имаа напад. Но Вилсон ја отвори серијата на грешки, по кои Гостивар се стекна со шанса прво да изедначи, а потоа дури и да победи. Но обидот (од аголот на игралиштето), на Митевски остана на обрачот, а победата односно двата бода, „отидоа“ за Гевгелија, за екипата на Кожув.

За нив четврртта во седум одиграни натпревари, во која практично одработија стартните пет на тренерот Апостолов. Посебно Пилепиќ и Стевановиќ кои запишаа по 22.поени, додека Вилсон постигна 13.

Во екипата од Гостивар, Соколов даде 16, Родес имаше 14. поени.

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО

Гостивар – Кожув  66:68

ТФТ – Чаир 2030   (во тек)

Пелистер – Шкупи            (во тек)

Тиквеш Голден Игл – Работнички       81:85

МКК Куманово – Феникс 2010            73:66

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром         79:110

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 12, ТФТ 12 (-1), Работнички 12, Чаир 2030 11 (-1), Пелистер 11 (-1), Кожув 11, МКК Куманово 10, Тиквеш Голден Игл 9, Гостивар 9, Шкупи 8 (-1), Феникс 2010 8, Вардар 7;