Трета победа за МКК Куманово од почетокот на новата натпреваруваќка сезона. Беа подобри од Феникс 2010, избраниците на тренерот Марин Докузовски. Во најголем дел од мечот, освен во добар дел од третата четвртина воо која гостите од Скопје се заканија, направија играчки и резултатски пресврт. Но немаа доволни сили, енергија и да го задржат тој ритам, кумановци со консолидираа и победија.
МКК КУМАНОВО – ФЕНИКС 2010 73:66
По тројката на Тимоти во 7.минута, Феникс 2010 поведе со (21:14), но до истекот на првиот период, кумановци намалија на (20:24).
Во оној вториот, домашната екипа беше доста подобра, особено во одбраната. Тешко поентираа гостинските кошаркари во тој дел од мечот. За осум минути стигнаа до само седум поени. Доволно за МКК Куманово да премине во водство, со резултат (35:31), а Радукиќ да биде многу блиску до дабл-дабл ефект, затоа што освен осум поени, собра дури 12. топки под двата коша за тоа време поминато во игра, која мораше да биде прекината откако во публиката, односно на трибината каде се навивачите на домашната екипа, беа запалени неколку петарди и чадни „бомби“.
На 1:41 минута пред крајот на првото полувреме, МКК Куманово имаше минимални (35:33). На полувреме беше (38:35).
Кумановци имаа и повисоки (43:35), кога тргна серијата на Феникс 2010 изразена преку (16-2), и по која гостинската екипа поведе со (51:45), како што стоеше на семафорот во 25.минута. Но во оние преостанати пет од третата четвртина, „сино-белите“ ја стигнаа, дури и одново поведоа со (57:55), со кои стартуваше и последната.
По две и пол минути играње од неа, МКК Куманово се одвои на плус 8 (65:57), што на крајот се покажа и како недостижен за гостите, кои никако не успеваа да дојдта до уште еден, втор „моментум“ во нивната игра, налик на оној на почетокот на второто полувреме.
Радукиќ беше „двоцифрен“ и во скоковите, имаше дури 18 (плус и 16.поени). Дабл-дабл беше и ефектот на Луковиќ изразен со 17.поени и 12.скока. Тадиќ заврши со 20, а Волер додаде уште 10.поени.
Во гостинската екипа, за која ова е шестти пораз во седум одиграни натпревари, по 13. реализирани поени имаа Митревски и Тимоти.
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7. КОЛО
МКК Куманово – Феникс 2010 73:66
Тиквеш Голден Игл – Работнички 81:85
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 79:110
17.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)
17.00: Гостивар – Кожув
Сала „Младост“ – Гостивар
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/IixsbzEEgNo?si=KFxZwDGkEMjTVeET
18.00: ТФТ – Чаир 2030
Сала СРЦ „Кале“- Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/HgLAioMJ-2c?si=bBEOCjBUHa3hWqfl
18.30: Пелистер – Шкупи
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8IzMww0PKXA?si=vgNjfhJFsQnK60ap
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 12, ТФТ 12 (-1), Работнички 12, Чаир 2030 11 (-1), Пелистер 11 (-1), МКК Куманово 10, Кожув 9 (-1), Тиквеш Голден Игл 9, Гостивар 8 (-1), , Шкупи 8 (-1), Феникс 2010 8, Вардар 7;