14.11.2024

На крајот, убедлива победа за МЗТ Скопје на гостувањето „Под Кале“ со резултат (110:79)

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ: Младите „вардарци“ парираа нецело полувреме против шампионот

Во првиот натпревар од 7.коло од Првата „Мтел“ лига, кошаркарите на МЗТ Скопје ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа видно изменетиот состав на Вардар во кој веќе ги нема странските кошаркари.

ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ    79:110

Одлично го започнаа натпреварот младите кошаркари на Вардар. Не делуваа воопшто импресионирано од големината која со себе ја носи МЗТ Скопје.

Напротив, делуваа доста самоуверено, особено тоа се однесува на Марјановиќ, кој реализираше 12. поени во првиот период во кој Вардар, и без помошта на странските кошаркари (во меѓувреме беа ослободени од понатамошните обврски кон клубот) оствари позитивен резултат (27:22), против апсолутниот фаворит. Погодија пет тројки (од десет обиди) во тој воведен дел од натпреварот.

Но во наредните пет минути, гостите од Аеродром стигнаа од изедначување (35:35), веднаш потоа и (37:37). Шутот од игра, односно високиот процент на реализација за три поени, го оддржуваше домашниот тим во игра за изненадување. Имаа високи 58% (7/12) од таа дистанца во тој прв дел од играта.  

А Бајрам беше вториот играч на Вардар кој стигна до десет реализации (2/4 за три поени).

На другата страна од теренот, сите десет играчи на МЗТ Скопје (освен Андоноски и Величковски) кои беа во игра, влегоа и во официјалниот записник.

По поените на Наков, „вардарци“ имаа минимална предност (39:37), но само пред да тргне серијата на „металците“ од (10-0) која ја предводеше Слај, за пресврт во резултатот (47:39).

Сето тоа реализирано во рок од нецели три минути.

Поточно, во осум минути игра од вториот период, шампионот парцијално направи (25-12). Во оние две преостанати до полувремето, МЗТ Скопје Аерродром ја задржаа таа позитива, на одмор се замина со резултат (49:40) во корист на гостинската екипа.

Во второто полувреме, работите, некако, си дојдоа на своето место. „Сино--белите“ притиснаа малку посилно, и во тој временски период од десет минути ги тргнаа сите дилеми. Изградија недостижно водство (77:55).

За нешто повеќе од 13.минути во игра, Андоноски реализираше 19. поени (плус пет скока). Дамјан Стојановски стигна до 16.реализации, Слај дојде до 11 (и седум асистенции), а Крстевски, Баковиќ и Едвин имаа уште по 10.

Во домашниот тим, освен двоецот Марјановиќ-Бајрам (заедно искомбинираа 38.поени), уште 11 дојдоа од Наков. Но за нешто повеќе против првакот, извесно, треба многу повеќе.

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7. КОЛО

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром         79:110

16.НОЕМВРИ (САБОТА)

18.00: Тиквеш Голден Игл – Работнички

Сала „Јасмин“  Каадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/fpQnnFm7tfk?si=9YtytnaY5Xsba4_y

18.00: МКК Куманово – Феникс 2010

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Ny68qHMCGQA?si=rJhJDkwJZXpBlaLr

17.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

17.00: Гостивар – Кожув

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/IixsbzEEgNo?si=KFxZwDGkEMjTVeET

18.00: ТФТ – Чаир 2030

Сала СРЦ „Кале“- Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/HgLAioMJ-2c?si=bBEOCjBUHa3hWqfl

18.30: Пелистер – Шкупи

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8IzMww0PKXA?si=vgNjfhJFsQnK60ap

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 12 (+1), ТФТ 12, Чаир 2030 11, Пелистер 11, Работнички 10, Кожув 9, Гостивар 8, Тиквеш Голден Игл 8, МКК Куманово 8, Шкупи 8, Феникс 2010 7, Вардар 7 (+1);