26.10.2024

Шампионот го скрши отпорот на кумановци во второто полувреме, и стигна до планираниот успех (78:71)

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ: МЗТ Скопје нема „домашни проблеми“

Шампионот се рехаблитираше на домашната сцеена за она што го (за) губи на онаа јадранската во изминатиот период,, 

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – МКК КУМАНОВО          78:71

За водството на полувремето, „пресудна“ беше серијата од (9-0) која домашната екипа ја направи некаде во средишниот дел од втората четвртина а во која репрезентативецот Маслинко реализираше две тројки.

МЗТ Скопје водеше со (40:36) на полувремето во кое поентерски , со 13 поени во домашната екипа се издвои Слај.

Токму по неговата тројка, МЗТ Скопје поведе и со највисоки (46:39), по нецели три минути играње во третата четвртина. Таа негова поентерска расположеност го „држеше“ шампионот на една таква стандардна разлика. Но и кумановци имаа „решение“, се викаше Волер, кој заедно со Радукиќ и Јанески не дозволи таа негатива да отиде кон поголема.  

Но за кратко, затоа што евидентно, поголемата „ширина“ која ја имаарт скопските „сино-бели“, им дозволи поголем простор за креирање и поентирање, и до истекот на тој трет период, а по тројката на Магдевски, „металците“ се одвоија и на уште повисоки (57:48).

Но тука не беше крај на проблемите за МКК Куманово (на клупата го немаше шефот на стручниот штаб, Марин Докузовски), затоа што МЗТ Скопје го отвори последниот период со серија од (6-1) со која „побегна“ на плус од 15.поени, (74:59).

Но гостите немаа намера да се откажат без борба, симнаа добар дел од таа голема негатива. Во финалната минута имаа и заостанување од седум поени (71:78), но им недостасуваше некоја минута плус за, евентуално, и го достигнат.

МЗТ Скопје стигна до нов планиран, домашен триумф, по кој може да им се посвети на оние јадрански обврски.  

Својата одлична индивидуална изведба Слај ја заокружи со реализација на 27.поени (6/7 за три и 4/5 за два поени), четири скока, три асистенции. Интересно, двоен број на поени, 10, во домашниот состав имаше само уште Маслинко.

Кај МКК Куманово, Радукиќ даде 22.поени (имаше и седум скока), Тадиќ имаше 17 (седум асистенции и пет скока), а Волер уште 10.поени.