Последното натпреварувачко коло од Првата МТЕЛ лига мажи за календарска 2024 година донесе и нов лидер на табелата во ова натпреварување. Актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром лесно помина со Шкупи, истото го направи и Пелистер на домашен терен против Тиквеш Голден Игл. Лидерот на табелата од минатото коло, екипата на ТФТ, загуби од МКК Куманово, кој како новајлија во елитното прволигашко друштво ќе замине на новогодишна пауза со шест победи во низа. Чаир 2030 го заработи четвртиот пораз во низа, овој пат на гости кај Кожув, Феникс 2010 го испрати Работнички дома со минимален пораз, а колото го затворија гостиварци со убедлива победа против Вардар.
ПРЕГЛЕД НА СТАТИСТИКА 12. КОЛО
Кумулативна статистика
Тимска Статистика
ТОП 10 статистички лидери
ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 12.КОЛО
Пелистер - Тиквеш Голден Игл 95-88
Феникс 2010 - Работнички 73-71
Шкупи - МЗТ Скопје Аеродром 54-90
Гостивар - Вардар 86-62
МКК Куманово - ТФТ 78-59
Кожув - Чаир 2030 86-63
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром (21), Пелистер (21), ТФТ (21), Кожув (20), МКК Куманово (20), Работнички (19), Чаир 2030 (19), Гостивар (17), Феникс 2010 (16), Тиквеш Голден Игл (15), Шкупи (15), Вардар (15)