19.10.2024

Го покажаа тоа домашните кошаркари и на теренот, слави фаворитот со убедливи (98:80)

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ: Нема дилеми, Чаир е подобра екипа од Шкупи

„Дербито на Чаир“ го доби домашната екипа.

Чаир 2030 беше доста подобар од Шкупи, за што говори и конечниот резултат, доволно за тимот кој го предводи Ерхан Рамадан да го задржи стонастотниот ефект на почетокот на новиот шампионат.

ЧАИР 2030 – ШКУПИ   98:80

Домашпната екипа брзо воспостави резултатска доминација во дуелот кој сега може да се нарече и како „дерби на Чаир“.

Во десет минути, Чаир 2030 се стекна со двоцифрена предност, која беше изразена со плус од 12.поени, (27:15).

Во наредните, Шкупи се покажа како тим кој може да парира, но дека во овој момент заостанува, пред се играчки, зад својот ривал, кој од друга страна продолжи да игра ефикасно, секако, на задоволство на публиката во салата „Шабан Трстена“.

До полувремето, таа разлика „порасна“ на уште повисоки (52:37), и беше „основа“ на новиот успех на Чаир 2030, кој го креираше, во голема мерка, првата и ударна петорка во тимот кој го предводи Ерхан Рамадан.

Одлично се надполнуваа Кирк, стрелец на 26.поени, Мофит кој дополни со 21. поен (плус и седум асистенции и  шест скока), но и другите двајца странци, Ролинс и Кели кои финишираа со по 16. реализации. Блиску до двоен ефект беше и Какруки (по девет поени и исто толку скокови).

Во онааа гостинската, прв поентер, со 18.реализации „излезе“ Златевски, два помалку даде Трибл, додека Вилијамс заврши со 12.поени (и осум скока).

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО

Чаир 2030 – Шкупи   98:80

Тиквеш Голден Игл – Гостивар            80:75

Вардар – Феникс 2010    72:77

ТФТ – Кожув           79:77

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (во тек)

20. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

19.00: Пелистер – МКК Куманово

Сала „Боро Чурлевски“ - Битола